Skip to main content

Автор: инфодеск

Да го претвориме отпадот во ресурс

Post Views: 192 Ќе се хармонизираат европските и македонските закони, со кои се регулира управувањето со отпад. Унгарската Фондација за заштита од климатски промени „Сина планета“ со еден милион евра финансиски средства од Европската унија изготви  план за приближување на системите за управување со отпад во Северна Македонија до нормите на ЕУ. Преку твининг проект на Австрија и Унгарија, ќе се помогне и во имплементација на законската легислатива на терен. Координацијата и воспоставувањето на добра и отворена комуникација, како и размената на искуства и предизвици со кои се...

Продолжи со читање

Античкиот театар со нова, безбедна дрвена конструкција

Post Views: 201 Античкиот театар, културниот бренд на градот Охрид доби нова дрвена конструкција, безбедна и функционална за бројните посетители. После две децении од повторното ставање во функција на овој локалитет НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид изврши комплетна промена на дрвената конструкција.Демонтажата на старата и дотраена конструкција започна во средината на април поради што просторот беше затворен заради безбедност на посетителите.

Продолжи со читање

Верифицирани мандатите на новите членови на Локалното собрание на млади

Post Views: 246 Во големата сала на Општина Охрид, вчера се одржа седница на Локалното собрание на млади. На седницата се изврши верификација на мандатот на пријавените делегати и заменици делегати во Локалното младинско собрание по претходно објавен јавен повик.Согласно дневниот ред, членовите на собранието донесоа и одлука за распишување на Јавен повик за избор на членови во Локалниот совет на млади.

Продолжи со читање

Денеска во Охрид умерено облачно со температура до 23 степени

Post Views: 185 Денеска во Македонија сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за дожд. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени целзиусови.ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе продолжи периодот во кој во...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски комуналец“ од утре отпадот ќе го подига во 6 часот

Post Views: 301 Од утре (02.06.2023 год.) комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.„Согласно Програмата за работа за оперативната 2023 год., Ј.П.„Охридски Комуналец” од 02.06.2023 год. ќе започне со собирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад од 06:00 часот . Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период.“ – објаснуваат од јавното претпријатие.

Продолжи со читање

Ново голманско засилување за гладијаторите

Post Views: 256 Новиот член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид е Берин Бркиќ.ГРК ОХРИД потпиша со младиот босански репрезентативен голман до 2026та година.Бркиќ има 19 години и доаѓа од екипата на Борац, Бања Лука. Дел од сите младински репрезентативни категории за БиХ, како и на поширокиот список за сениорската репрезентација.“Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го пратев Охрид претходната сезона и има...

Продолжи со читање

Одлука за стратегиска оцена на влијание врз животна средина на план за пречистителна станица во Трпејца

Post Views: 217 За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е 1.6 во село Трпејца, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ се определуваат Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина ОхридЗа планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица...

Продолжи со читање

Кај Тушемишта не се градело, се чистел теренот, дознала министерката Шукова

Post Views: 307 На брегот од Охридското езеро кај Тушемишта не се градело туку се расчистувал теренот, ова е објаснувањето од Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во врска со алармирањето од недвладини и медиуми дека градежна механизација бетонира во водите на езерото на албанска страна. Информацијата ја добила неофицијално.„Неофицијално дознавме дека не се работи за изградба на пристаниште или марина, како што се зборуваше во јавноста. Се работи на расчистување на теренот и нема никаква реакција од УНЕСКО во моментот, бидејќи нема градба на таков...

Продолжи со читање

Охриѓанката Елисавета Булоска ќе биде галичка невеста

Post Views: 504 Охриѓанката Елисавета Булоска ќе биде галичка невеста а нејзиниот избраник Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески е зетот, одлучи Советот на Месната заедница Галичник.„Со голема радост Ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло...

Продолжи со читање

Меморандум за соработка меѓу Општина Охрид и Институтот Конфуциј

Post Views: 190 Во просториите на Општина Охрид, денеска, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ кој работи во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.„Заедно со двајцата директори на Институтот, македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј, изразивме подготвеност за целосно спроведување на обврските од меморандумот.“ – вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура. Предвидено е изучувањето да се спроведува...

Продолжи со читање

СВР Охрид со детали за синоќешната тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Post Views: 294 31.05.2023 во 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино.„Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47)...

Продолжи со читање

Приведен дилер на дрога од Охрид

Post Views: 345 На 31.05.2023 во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители” со улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 54 годишен жител на Охрид.„Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја.“ – информира...

Продолжи со читање