Skip to main content

Автор: инфодеск

Денеска во Магна ќе се одржи показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода

Post Views: 167 СВР Охрид, ќе биде дел од институциите кои денеска (06.11.2024 година), во 10.30 часот, во компанијата „Магна” во индустриската зона во Струга, ќе учествуваат во реализација на показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио по случена елементарна непогода Целта на показната вежба е увежбување на надлежните служби и подигнување на степенот на подготвеност и координираност за навремено, соодветно и ефикасно делување и евакуација во случај на елементарни непогоди и други несреќи.Показната вежба, воедно ќе значи и можност за проверка и...

Продолжи со читање

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД

Post Views: 237 Поранешниот претседател Доналд Трамп се обрати откако ја обезбеди својата трета победа на бојното поле со освојување на Пенсилванија, приближувајќи го до победата во Белата куќа. „Сакам да му се заблагодарам на Американскиот народ за исклучителната чест да бидам избран за ваш 47-ми и 45-ти претседател. До секој граѓанин: Ќе се борам за вас, за вашите семејства и вашата иднина. Секој ден ќе се борам за вас до последниот здив, нема да застанам се додека не ја испорачаме силната и просперитетна Америка која ја заслужуваат нашите деца, но и вие. Ова...

Продолжи со читање

УХМР: Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност

Post Views: 145 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 3 до 16 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Месните заедници во понеделник треба да ги достават своите предлози за креирање на буџетот за наредата година

Post Views: 157 Локалната власт упатува повик до сите Месни Заедници, физички и правни лица во понеделник (11. 11 2024г.) во малата сала во општинската зграда  во период од 11 до 14 часот да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 2.3 опфат 7, Општина Охрид

Post Views: 164 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05 ,81/05 ,24/07 ,159/08 ,48/10 ,124/10 ,51/11 ,123/12, 93/13 ,42/14 ,44/15 , 129/15 , 39/16, 99/18 ,89/22 и 171/22 ) ,Општина Охрид , на ден 04.11.2024 година , донесе Одлука за спроведување на стратегиска оценаОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 2, УБ 2.3 ОПФАТ 7, ОПШТИНА ОХРИДПовеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Четвртоодделенците во посета на Општина Охрид

Post Views: 165 Четвртоодделенците од основните училишта „Христо Узунов“ и  „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги прими градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот, Александар Китески.Учениците со интерес ги слушаа одговорите на градоначалникот и секретарот за работата и начинот на функционирање на локалната власт.Посетата во општината е дел од предвидената наставна програма за основците.

Продолжи со читање

Утре во Магна ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода

Post Views: 259 Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Струга, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид продолжува да се реализира и во компаниите.Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во среда, 06.11.2024 г. во компанијата МАГНА во индустриската зона Струга ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена...

Продолжи со читање

Денес и утре ќе се одржат пoлуфинале и финале во фудбал Futsal Ohrid Freed

Post Views: 275 ЈП Билјанини Извори и Futsal Ohrid Freed известуваат дека денес од 20:00 часот до 22:00 часот во Спортската Сала “Билјанини Извори” ќе се одржат двата полуфинални натпревари:•Во 20:00 ч. помеѓу екипите на Инекс Олгица Хотел и СПА и Гостилница кај Мече и •21:00 ч. Провелд Волино и минатогодишниот победник на Ohrid Freed АСП ПАК.Утре, 6 Ноември ќе се одржат:•20:00 часот натпреварот за трето место и во•21:00 часот финалниот натпревар за прво место.Хуманитарниот Турнир Futsal Ohrid Freed организиран од ЈП Биљанини Извори и...

Продолжи со читање

Повик за учество во креирање на буџетот за наредната календарска година

Post Views: 146 Локалната самоуправа  упатува повик до сите  Месни Заедници, физички и правни лица  во понеделник (11. 11 2024г.) во малата сала во општинската зграда  во период од 11 до 14 часот   да ги достават своите предлози и идеи  со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи крводарителска акција во СВР Охрид

Post Views: 189 Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.Утре, среда 6.11.2024 со почеток во 9 часот во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.– Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен Крст Охрид.Акцијата ќе трае до 12 часот.

Продолжи со читање

Реконтрукцијата на улицата „Гоце Делчев“ во напредна фаза

Post Views: 177 Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза, вчера се постави првиот слој на асфалт.Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување.-Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, вели во својата објана на Фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Во сабота средба на граѓани и дискусии на плоштад под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“

Post Views: 167 Во организација на иницијативата „Збогум Буково“ под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, во сабота, на 9ти ноември на Градскиот плоштад во Охрид, од 12:00 часот ќе се одржи средба и дискусии за неопходноста од итно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.„Иницијативата ‘Збогум Буково’ и нејзините поддржувачи ве повикуваат сите вас, драги сограѓани на дружење и муабет на една од најважните теми за сите нас, особено за нашите деца и внуци. На овој настан ќе добиете можност да ја изразите својата поддршка на основната мисија на нашето...

Продолжи со читање