Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Views: 197 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Продолжи со читање

Охрид дел од Саемот за туризам во Белград

Views: 201 Општина Охрид од денес до 22 февруари ја презентира својата богата туристичка понуда на 47-от Меѓународен саем за туризам во Белград, заедно со Министерството за култура и туризам, претставници на ХОТАМ и други туристички чинители.‎На саемот се промовираат природните убавини, културното наследство, гастрономијата и целокупната туристичка понуда на Охрид, со цел привлекување нови туристи и зајакнување на соработката со туристички партнери од регионот.‎Делегацијата на Општина Охрид е предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, кој оствари средби со туроператори,...

Продолжи со читање

Стружанецот Христо Дејкоски ќе настапува во светскиот младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во САД

Views: 257 Од Државното музичко училиште во Струга информираат дека нивниот ученик Христо Дејкоски ќе настапува како член на еден од најреномираните светски младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во Интерлокен, Мичиген, Соединетите Американски Држави.–По исклучително строгата селекција на светско ниво, Христо е награден и со стипендија како признание за неговиот талент, труд и уметничка зрелост. Ова достигнување е и заслуга на неговиот професор Тони Арслан, чија посветена и професионална работа дава резултати што одекнуваат и на меѓународната сцена....

Продолжи со читање

Менди Ќура: Ископувањата се главната причина за загадувањето на водата во Шум

Views: 255 Градоначалникот Менди Ќура на денешната вонредна седница на совет се обрати во врска со состојбата со водата за пиење. Неговото обраќање го пренесуваме во целост.Почитувани,Денеска сум тука за да поднесам извештај за преземените активности во врска со актуелната состојба со водата за пиење во селото Шум и тешката состојба што е создадена, според експертите, како резултат на два главни фактори:Факторот природаЧовечкиот факторПриродните фактори, особено земјотресите, можат да предизвикаат проблеми, како што сме имале и претходно и се надеваме дека нема да...

Продолжи со читање

Прекин вода

Денес прекин во водоснабдувањето на улицата ,,Кленоец” до 15 часот

Views: 210 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа , денес од 11:30 до 15:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Кленоец “.

Продолжи со читање

АХВ со апел: Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

Views: 257 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и...

Продолжи со читање

Во сабота проекција на филмот „Прличев, Сердарот и јас“ на Милчо Јованоски во Култ Културен Центар

Views: 239 Во сабота, 21 февруари, со почеток во 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ во авторство на Милчо Јованоски, а во продукција на НУ Библиотека Григор Прличев.Филмот претставува интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски, автор на првиот стихуван превод на „Сердарот“ на македонски јазик, кој говори за настанувањето на делото и за творештвото на Прличев. Снимател на филмот е Емил Јовановиќ, а монтажата на Сандра Јовановиќ и Love & Life Studio.Во рамки на вечерта ќе биде поставена изложба на детски ликовни творби...

Продолжи со читање

Утре подигнување на селектиран отпад од пластика и хартија на шест улици во Охрид

Views: 206 Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека утре, 20.02.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекцијаОд претрпијатието ги замолуваат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад.

Продолжи со читање