Автор: инфодеск
Post Views: 177 Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза, вчера се постави првиот слој на асфалт.Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување.-Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, вели во својата објана на Фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.
Во сабота средба на граѓани и дискусии на плоштад под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“
Post Views: 167 Во организација на иницијативата „Збогум Буково“ под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, во сабота, на 9ти ноември на Градскиот плоштад во Охрид, од 12:00 часот ќе се одржи средба и дискусии за неопходноста од итно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.„Иницијативата ‘Збогум Буково’ и нејзините поддржувачи ве повикуваат сите вас, драги сограѓани на дружење и муабет на една од најважните теми за сите нас, особено за нашите деца и внуци. На овој настан ќе добиете можност да ја изразите својата поддршка на основната мисија на нашето...
Објавен списокот на студенти кои ќе добијат еднократен паричен надоместок
Post Views: 164 Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и јавниот повик бр 09-17555/2 од 09.10.2024 год. за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од оптштина Охрид за академската 2024/2025 год., градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков го донесе следното:ИЗВЕШТАЈ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОКПовеќе информации на...
„Александар Гушо„ и другите споредни улици на ул.Питу Гули идната година ќе добијат атмосферска канализација
Post Views: 168 При креирање на буџетот за следната година, да се предвидат средства за санирање на канализационата мрежа на улицата Александар Гушо. Ова беше побарано на последната седница на совет од страна на советничката од НСДП , Милена Гроздановска. Таа во советот ги пренесе реакциите од жителите на таа улица кои се жалат дека секогаш при поголеми врнежи им се поплавуваат куќите и подрумите и трпат големи штети.„Од страна на стручните служби во општината ми беше кажано дека тоа е огромен зафат бидејќи треба да се врши и зафат на ул Питу Гули. Разговарав со стручни...
Со стартот на грејната сезона Охрид се гуши во загаден воздух
Post Views: 188 И охриѓани дишат загаден воздух. Со стартот на грејната сезона градот се соочува со лош квалитет на воздухот. Мерните станици покажуваат просечно, но во ноќните часови и енормно загадување.Главната причина е енергетската сиромаштија. Поголемиот број домаќинства се греат на дрва, тоа им е најекономично.Според научната фела градот се гуши и поради претераната урбанизација и намалувањетое на зелената инфраструктура на крајбрежието. Висококатниците на брегот...
Општина Охрид објави јавен повик за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбир за контрола на материјално-финансиско работење на јавните препријатија основани од Општина Охрид
Post Views: 146 Во прилог Јавен повик бр. 01/2024 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на матeријално- финансиското работење на јавните претпријатија основани од Советот на општина Охрид и Образец за пријавување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен/надзорен одбор на јавно претпријатие:ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2024 ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР И ЧЛЕНОВИ НА...
Општина Охрид повторно ќе организира јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 6
Post Views: 134 СЕ СООПШТУВА организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2019-2029 со тех. бр. 106/ 018 од октомври 2024 год. изработен Институт за урбанизам, ДООЕЛ – Скопје.Повеќе информации на линкот.
Охридските стрелци ,,нападнаа со канонада од медали“ во Благоевград
Post Views: 215 Како по традиција охридските стрелци бележат високи пласмани и освојуваат медали на овај традицинионален меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. На Турнирот учество зедоа повеќе од 100-тина стрелци од КСС ,,Левски“,-Софија, КСС-ЦСК-Софија, СК ,,Кавадарци“-МКД, КСС ,,Тракиа“-Пловдив, КСС ,,Санел“-Сандански, СК ,,Охрид“, АП Спорт-Велико Трново, ЖСК Лихнидос како и членови на стрелачкиот клуб ,,Пирин“- домаќин и организатор на Турнирот. За охридските стрелци ова натпреварување е престиж бидеќи своите сили ги одмеруваат со...
УНЕСКО во јули идната година повторно ќе го разгледува статусот на Охридското езеро
Post Views: 167 Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во јули идната 2025 година повторно ќе го разгледува статусот на Охридското езеро како светско и културно наследство, пренесува Радио Слободна Европа.„Најмалку од 2017 година, состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион е загрижувачка за Комитетот за светско наследство, особено поради влијанието на човековите активности и развојните проекти. Затоа, локацијата е предмет на внимателно следење од страна на УНЕСКО и експертите на неговите советодавни тела, што...
Литературен и ликовен конкурс „Животот е убав“
Post Views: 304 Во рамки на активностите за Неделата на грижа за стари лица од 18-24 ноември 2024 г., а со цел развивање на креативната компонента и подигнување на свеста за промоција на хуманоста, солидарноста, почитувањето, убавините на животот и делотворноста кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Животот е убав“.На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебрца и друга...
Охриѓанецот Петар Поповски, професор на Универзитетот во Олбург, Данска: „Со работа и аплицирање за грантови, за 12 години изградив катедра со над 30 истражувачи“
Post Views: 440 Охриѓанецот Петар Поповски дипломирал на Електротехничкиот факултет при УКИМ во Скопје како првенец на генерацијата, каде што потоа магистрирал, а докторирал на Универзитетот во Олборг, Данска, каде што и денес е професор. Неговата катедра има 30-ина истражувачи кои развиваат напредни безжични комуникациски системи.Проф. д-р Петар Поповски, истражувач и научник од Македонија, кој дваесетина години работи и истражува на Универзитетот во Олборг, Данска, бил дел од експертски тимови кои работат на 5Г, 6Г и другите идни безжични комуникациски системи, ќе раководи...
Еруптираше вулкан во источна Индонезија
Post Views: 246 При ерупција на вулканот Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија, погинаа најмалку 10 лица, а жителите на околните села се евакуирани.Портпаролот на Центарот за вулканологија изјавил дека по ерупцијата дошло и до прекин на електричната енергија, а веднаш потоа врнело дожд, проследено со силни молњи, што предизвикало голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот. Огнена лава и вжештени камења погодиле села оддалечени седум километри од кратерот, а изгорел и католички манастир.Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен...