Skip to main content

Автор: инфодеск

Свети маченички Доротеја, Христина, Калиста и маченикот Теофил

Views: 260 Доротеја беше угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокиска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа. Но, се случи обратно – Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен, Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија. Тогаш ја осудија на смрт и Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубче Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во пресветите дворци...

Продолжи со читање

Утрото ведро и студено, попладне променливо облачно

Views: 207 Наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.Минималните температури во Охрид од -2, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информриаат дека и утре под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните...

Продолжи со читање

Утре показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“, „Новопроектирана“ привремено затворена за сообраќај

Views: 278 Утре во 10 часот во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност.Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници, Територијалната противпожарна единица...

Продолжи со читање

blue book beside brown wooden stick

Почнуваат Рамазанските пости

Views: 212 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 19 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска...

Продолжи со читање

Денес во охридската гимназија ќе се одржи работилница за знаковен јазик

Views: 179 Во организација на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, а во рамките на кампањата „Јас се грижам!“ и по повод одбележувањето на месец февруари – месецот на ретките болести, утре со почеток во 12:30 часот, во училишната библиотека ќе се одржи работилница за знаковен јазик.Работилницата се реализира во соработка со Здружението за глуви и наглуви лица – Охрид, кое преку практични примери и интерактивен пристап ќе ги запознае учениците со основите на знаковниот јазик и со значењето на правилната комуникација со лицата со оштетен слух.Присутните ќе...

Продолжи со читање

Утре во Охрид проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“

Views: 257 Утре во Охрид ќе се одржи проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот „Св. Апостол Павле“. Влезот за публиката ќе биде отворен од 19:30 часот.„Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, Јурук од оддалечено македонско село, кој своето прибежиште го пронаоѓа во музиката. Соочен со семејните очекувања, строгите правила на заедницата и забранетата љубов, Ахмет се обидува да го изгради сопствениот идентитет и да го следи својот сон. Филмот отвора важни прашања за...

Продолжи со читање

Јованчо Мечкароски е нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Струга

Views: 375 Општина Струга официјално ја информира јавноста дека Јованчо Мечкароски е именуван за нов директор на Јавното Претпријатие „Водовод и Канализација“, Струга.Од општината информираат дека Мечкароски е магистер по банкарски финансии и менаџмент, со професионално искуство повеќе од 10 години работа на раководни позиции. Во текот на својата кариера, тој претежно бил ангажиран во организирање на работните процеси, управување со тимови и зголемување на институционалната ефикасност, покажувајќи силни организациски и менаџерски способности и додаваат дека именувањето доаѓа како дел...

Продолжи со читање

„И ние можеме…“ – Ученичка иницијатива за безбедно и креативно училишно катче

Views: 301 Ученичкиот парламент на ООУ „Григор Прличев“ информира за нивната нова ученичка иницијатива за побезбедна училишна средина „И ние можеме…“.Имено, ученичката иницијатива „И ние можеме…“ се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, а проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонски центар за граѓанско образование, Прва детска амбасада „Меѓаши“ и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детска фондација Песталоци.-Целта на иницијативата „И ние можеме…“ е...

Продолжи со читање