Автор: инфодеск
Post Views: 222 Во моментов се работи на санација на помошните објекти односно „магаза“ согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата.Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „ Куќата на Робевци“. Предвидени се одредени итервенции и отпочнато е со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, исто така се постави нов под од гранитни плочи. На објектот ќе се работи и наредниот приод односно...
Продолжува со доизградба канализациониот систем во село Мешеишта
Post Views: 165 Се продолжува со доизградбата на канализациониот систем во село Мешеишта, во деловите и улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година , во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти.Претходно, оваа година беа изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, и 16 ревизиони шахти, а за што беа инвестирани 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 беа обезбедени од Министерството за животна...
Објавен ноемврискиот репертоар на театарски претстави во Центарот за култура “Григор Прличев”
Post Views: 243 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид го објави ноемврискиот репертоар на театарски претстави.Во вторник, 5 ноември, ќе се одржи претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, а во режија на Коле Ангеловски.Наредната сабота, 9 ноември, е резервирана за претставата „Кумови“ на Душан Ковачевиќ и режија на Билге Емин.Во недела, на 17 ноември, охриѓани ќе уживаат со театарската импровизација „Импровокација“, а на 29 ноември во петок ќе можат повторно да ја проследат претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк...
Црвен крст организираше обука за мотиватори на тема „Крводарителство“
Post Views: 223 Во периодот од 25 до 27 Октомври волонтери од Црвен Крст Охрид учествуваа на работилници за врсничка едукација на млади на тема крводарителство.„Преку разновидни активности обуката им овозможи запознавање со крводарителството, неговите принципи како и на кој начин најдобро истите да ги пренесат на своите врсници. Обуката беше заокружена со симулација на крводарителска акција која волонтерите самостојно ја организираа.“ – велат од Црвен крст Охрид.На оваа обука учество зедоа охридските волонтери Сара Петкоска и Арсениј Ѓоршески заедно со...
Денес времето сончево, но со постудено утро
Post Views: 140 Наутро постудено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.Ќе продолжи периодот на претежно сончево време но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе достигнува најмногу до 20 степени, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 16 степени Целзиусови....
Продолжува сончевото време со студени утра
Post Views: 161 Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Во текот на новата работа седмица времето ќе биде претежно сончево со студени утра и минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
ЗНМ-ССНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска, повик за итна истрага
Post Views: 240 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на нашата членка, новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. Од таму велат дека видеото кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во...
Ден на жалост во Србија, се сруши конструкцијата од железничката станица во Нови Сад
Post Views: 358 Денеска околу 11 часот и 50 минути при уривање на стариот дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица,.Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во спасувањето учествувале околу 80 спасувачи од повеќе градови и дека тие биле на местото на несреќата неколку минути по повикот.-Тоа е стара градба, тоа значи големи количества бетон и конструкција, тоа е голем удар. Падот врз луѓето долу се случи ненадејно. Едно лице, машко, било донесено во болница поради ампутирани нозе. А тие две жени кои беа спасени пред малку се...
На Југозападниот регион му е потребен државен дом за стари лица
Post Views: 240 Се зголемува бројот на возрасната популација а со тоа расте и потребата од Дом за стари лица. Во целиот Југозападен регион нема дом за сместување, грижа и престој за старите лица.Од здружението на пензионери велат луѓето во третата доба се оставени сами на себе. Поради иселувањето на младите, евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување.За достоинствено, квалитетно и активно стареење , во време кога иселувањето на младите е тренд, повозрасната популација се погласно бара дом за нивно згрижување.–Отсекогаш сме ја истакнувале...
УИНТ „Св Апостол Павле„ од голема важност за охридскиот регион од економски и социјален аспект
Post Views: 185 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ – Охрид е значаен за градот не само од образовен туку и економски и социјален аспект. Иако на овој државен универзитет се запишуваат студенти од цел свет, сепак најмногу регрутира студенти од Охрид и охридскиот регион. Тие млади луѓе по завршувањето на студиите ја потпомагаат локалната индустрија.„Ние имаме меморандуми за соработка и плодна соработка со многу од компаниите што се во регионот, дури се поканети и учествуваат во развој на следните студиски програми, секоја следна студиска...
МВР предупредува на измами со кои се крадат лични податоци
Post Views: 298 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) известува за зголемен број измами во кои се користат фишинг-напади и лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност. Главната цел на овие измами е прибирање на лични податоци или насочување на жртвите кон лажни веб-страници за понатамошна злоупотреба.Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добиваат порака дека се предмет на...
СВР Охрид: опожарена езерска трска во близина на Пештани
Post Views: 196 На 31.10.2024 во 17.36 часот, во СВР Охрид е пријавено дека била опожарена езерска трска во водите на Охридското езеро, во близина на охридското село Пештани. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.