Skip to main content

Автор: инфодеск

Црвен крст Охрид со повик за јубилејни признанија за крводарителите по повод 17 Март

Views: 272 Од Црвен крст Охрид информираат дека по повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија организацијата традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати, и ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2025 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот.Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во...

Продолжи со читање

Од Скопје со WizzAir ќе се лета и до Алгеро и Палермо

Views: 273 Министерот за транспорт и вице премиер Александар Николоски утрово соопшти уште една убава вест за сите љубители на патувањата, но и за оние што сакаат да ја посетат Македонија – се отвараат две нови авиолинии од Скопскиот аеродром за Италија. Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија, а од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија.  -Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Хронична грануломатозна болест (ХГБ)

Views: 239 ХРОНИЧНА ГРАНУЛОМАТОЗНА БОЛЕСТ (ХГБ)/CHRONIC GRANULOMATOUS DISEASE (CGD)/MORBUS GRANULOMATOUS CHRONICUSMKБ-10 D71ПРЕВАЛЕНЦАОва нарушување има проценета преваленца од околу 1/100 000 до 1/217 000 живородени деца, и почесто се појавува кај мажите поради врската со Х-хромозомот.ВОВЕДХроничната грануломатозна болест (ХГБ) е ретко, наследно, имунолошко нарушување кое се карактеризира со неспособноста на белите крвни зрнца (фагоцити) да уништат одредени бактерии и габи. Како резултат на тоа, телото е подложно на повторувачки и тешки инфекции и хронични воспалителни...

Продолжи со читање

Градежниот факултет – Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

Views: 256 Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје го прифати барањето поднесено од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и ќе упати стручен тим за теренски увид на водоснабдителниот систем.-Согласно доставениот одговор, Деканот формира стручен тим составен од тројца професори, кои ќе извршат детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ локациите и хлорната станица, соопштија од општина Струга.По извршениот увид, ќе биде изготвен...

Продолжи со читање

three men and laughing two women walking side by side

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9

Views: 201 Податоците на Еуростат за 2025 година покажуваат дека средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години.Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а најстаро Италија со...

Продолжи со читање

vlada na R.Makedonija

ССМ денес ја блокира Владата

Views: 239 Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денес во 11 најави масовен протест кој ќе започне со блокада пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати јасна порака дека работниците повеќе нема да чекаат и дека доколку не се исполнат нивните барања, следен чекор е генерален штрајк.-Последната од блокадите пред Владата е токму поради тоа што Владата заедно со газдите, не се договорија до 31.12.2025 година за зголемување на минималната плата и за зголемувањето на останатите работнички плати. Владата ги остави работниците на минимална плата да...

Продолжи со читање

Преподобен Исидор Пелусиот

Views: 175 Родум Египќанец, син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги изучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, свети Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот, одошто на красноречиво проповедање“, пишува тој во...

Продолжи со читање

Денес врнежливо, утре и во четврток стабилно време

Views: 187 Од УХМР информираат дека денес ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Денес ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.Во нивното соопштение додаваат дека среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 4 до 8 степени...

Продолжи со читање