Skip to main content

Автор: инфодеск

Атанас и Тино со хит стенд-ап шоуто „На линија“ во сабота во Охрид

Views: 363 По трите целосно распродадени шоуа во Скопје и над 10.000 посетители, култниот стенд-ап тандем Атанас и Тино во сабота пред охриѓани во НУ Центар за култура “Григор Прличев” ќе го претстават нивното хит-шоу „НА ЛИНИЈА“.-Вечер полна смеа, реални приказни и хумор без цензура!, порачуваат организаторите.Цена на карта е 600 денари, а влезниците можат да се купат онлајн на ticketx.com.mk и преку продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија.Шоуто започнува во 20 часот.

Продолжи со читање

Показнa вежбa за евакуација и спасување во ООУ „Св.Наум Охридски“ и ООУ „Кочо Рацин“

Views: 289 Од Црвен крст Охрид информираат дека и во текот на оваа година нивната организација продолжува со превентивните активности за делување во случај на елементарни непогоди и несреќи, со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните училишта.-Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во вторник, 17.02.2026 г. во ООУ „Св.Наум Охридски“ во с. Пештани и...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Стрампел–Лореинова болест

Views: 270 ХЕРЕДИТАРНА СПАСТИЧНА ПАРАПЛЕГИЈА/ СТРАМПЕЛ–ЛОРЕИНОВА БОЛЕСТ/ HEREDITARY SPASTIC PARAPLEGIA/ STRÜMPELL–LORRAIN DISEASEMKБ-10 G11.4ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1–9/100 000 население; во Европа се движи од 1/11 000 до 1/77 000 население.ВОВЕДХередитарна спастична параплегија (ХСП), позната и како Стрампел–Лореинова болест, претставува високо хетерогена група на наследни болести чија главна карактеристика е прогресивно нарушување на одењето. Болеста се манифестира со прогресивна вкочанетост (спастичност) и контракција на долните екстремитети. Симптомите се резултат...

Продолжи со читање

Сретение Господово

Денес е Сретение Господово

Views: 216 Во четириесеттиот ден по Рождество, Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (3Мој. 12, 2-7; 2Мој. 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захарија, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 182 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во источните региони. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Претпладне ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а попладне ќе го смени правецот во северен.Минималните температури од 4, а максималните до 12 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Објавен Јавен повик за финансирање на проекти од локален интерес (област „Културата расте со децата“ наменета за децата од 3 до 12 години)

Views: 213 Општина Охрид објави Јавен повик за финансирање на проекти од локален интерес (област „Културата расте со децата“ наменета за децата од 3 до 12 години).Целта на овој Јавен повик е да се поттикне и унапреди развојот на културата за деца од 3 до 12 години во Општина Охрид преку поддршка на проекти и активности кои се прилагодени на возраста, развојните потреби и интересите на децата, и кои придонесуваат кон нивниот севкупен личен, културен и социјален развој.Средствата за реализација на проектите се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамките на Програмата за...

Продолжи со читање

Денес за најмладите во Центарот за култура „Григор Прличев“ приказната „Биби и Боби во светот на бајките” 

Views: 226 Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” .„Биби и Боби во светот на бајките”е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)”, која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.Почетокот е во 12:00 часот, а цената на влезниот билет е 100 денари.

Продолжи со читање

Duhovden

Денес е Задушница

Views: 292 Според календарот на Македонската православна црква денес е Задушница. Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на...

Продолжи со читање