Автор: инфодеск
Post Views: 237 Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесуваат 63 252 денари и се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот за храната и пијалоците, за 63 основни производи содржани во синдикалната минимална кошница се бележи зголемување од 123 денари. Ова го покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија објавени на прес конференција на тема дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти.Загрижува податокот што за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и...
Се распаѓа некогаш репрезентативниот Еврохотел во Струга
Post Views: 497 Руиниран апартманскиот комплекс на струшкото крајбрежје, познатиот „Еврохотел” се распаѓа. Новата управа на заедницата со низа обвинувања кон поранешниот управител. Велат, оставил нефункционален покрив од кој протекува во апартманите, распаднати заеднички простории полни со ѓубре, ограбени ресторани, шанкови и останати простории. Обвинуваат за комплетна негрижа за објектот.-Како оставштина ни остави да кажеме еден руиниран објект со еден куп проблеми. Од нефункционален кров од еден куп правни...
Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница
Post Views: 191 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот.Законот беше изгласан на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот. Амандмани предложени од Левица...
Љутков: Театрите ќе добиваат однапред делегиран буџет
Post Views: 341 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека ќе се промени начинот на финасирање на програмските активности на Центрите за култура и театрите во Македонија. Наместо како што беше досега, да добиваат финансии поединечно за претстава за која конкурирале по јавниот повик за програми на Министерството за култура, тие ќе добиваат одредена сума на средства, со кои тие ќе работат во текот на годината.„На тој начин и самите менаџери на институциите ќе носат многу поголема одговорност кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има...
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, снег на Буково, Ѓавато и Плетвар
Post Views: 212 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез...
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Post Views: 223 Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.Денес ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во...
Во струшка Нефрологија недостигаат лекари и медицински персонал
Post Views: 302 Околу 25 лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостасуваат во Јавната здравствена установа Специјалната болница за Нефрологија Струга.И покрај дефицитот од медицински персонал, менаџментот вели дека успешно се справуваат со секојдневните предизвици. Очекуваат дека со најавата на Министерството за здравство за нови вработувања ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал, а со тоа и квалитетот на услугите.–„Имаме дефицит на лекари, медицински сестри, болничари, хигиеничари. Моментално бројот на вработени е 226, но имаме ветување дека...
Од полноќ поскапуваат горивата
Post Views: 358 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто во однос на одлуката од 17 јануари.Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50...
Започна вештачкиот мрест на охридската пастрмка
Post Views: 330 Во рамки на првата акција за вештачкиот мрест на Охридската пастрмка викендов беа изловени 63 полово зрели единки, а од нив се оплодени и инкубирани 70.000 икри, информираа од Државниот Инспекторат за земјоделство. Рибите кои беа уловени, на крајот на акцијата беа вратени во жива состојба во водите на Охридското Езеро.Активностите се одвиваа во соработка помеѓу Државниот Инспекторат за земјоделство и Хидробиолошкиот завод Охрид, а целосната програма е финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Инспекторите...
Поради поскапувањата Хрватите се спремаат за масовен бојкот на продавниците
Post Views: 254 Во Хрватска се шири повикот за масовен бојкот на продавниците поради рекордни цени. Со порака на социјалните мрежи се повикуваат граѓаните да не купуваат ништо во продавниците и бензинските пумпи во петок на 24 јануари.Во пораката која повикува на организиран бојкот на шопинг на 24 јануари се вели:„Одговорете на бојкотот! Не одете во продавници тој ден. Не купувајте ништо (освен ако не е итен случај). Одолејте се на силниот порив да купувате во име на повисока цел. Нека бидат (полу)празни дуќаните во петок 24.01.2025. За доброто на сите нас!“„Десет...
Пред инаугурацијата на Трамп, биткоинот соборува рекорди
Post Views: 272 Биткоинот утрово, непосредно пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп, достигна нова рекордна вредност од 109.333 долари. Криптовалутата има скок 8 отсто во последните 5 дена, со покачување на нејзината вредност за над 8.000 долари.„Од изборите, берзанските индекси пораснаа, а оптимизмот кај малите бизниси достигна рекордни 41 поен, највисоко ниво во последните 39 години. Биткоинот урива еден по друг рекорд“, изјави Трамп на неговото вчерашно обраќање.Биткоинот ги поврати загубите од претходниот ден кога неговата вредност падна од над 102.000...
Денес започна второто полугодие за учениците
Post Views: 249 По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денес се вратија на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година. Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани.По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците,...