Автор: инфодеск
Post Views: 148 На 11 февруари се одбележува Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, воспоставен од Обединетите нации со цел промоција на родовата еднаквост и целосното учество на жените во науката, технологијата и иновациите.-Оваа година, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со гордост го одбележува овој значаен ден, продолжувајќи ја традицијата на организирање настани што ги истакнуваат инспиративните жени од академската заедница, дипломатијата, јавните институции, индустријата, како и од редовите на студентите и алумни...
Апел за помош на семејството Ѓоршески од Велгошти чиј дом е оштетен по експлозија на плин
Post Views: 118 На социјалните мрежи е објавен апел за помош на семејството Ѓоршески од селото Велгошти чиј дом е сериозно оштетен откако на 6 февруари избувна пожар по експлозија на плин, при што беше повредена 44-годишна жена.– Почитувани пријатели, по неодамнешната несреќа во Велгошти, Охрид, семејстото Ѓоршески се соочува со тешки последици и има потреба од наша поддршка. Во вакви моменти најважно е да покажеме хуманост, солидарност и заедништво. Секоја донација, без разлика на износот, значи многу и помага во процесот на закрепнување и обновување, стои во објавата на...
Галичица во фокусот на BBC News на српски: Меѓународно признание за природното богатство на националниот парк
Post Views: 100 Националниот парк Галичица се најде во фокусот на реномираниот меѓународен медиум BBC News на српски, кој објави приказна посветена на неговите исклучителни природни вредности, биолошка разновидност и значењето што овој простор го има на регионално и европско ниво.– Галичица продолжува да биде препознатлива по својата уникатна природа и посветеноста кон заштита и одржливо управување, велат од НП Галичица.-Галичица е дом на ретки растителни и животински видови. Покрај природните вредности, паркот содржи значајни културни споменици –...
Денес во 9 часот почнува работнички протест, сите приоди кон Собранието ќе бидат блокирани
Post Views: 94 Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денес најави протест со блокада пред Собранието на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Одлуката е донесена од Претседателството и Советот на ССМ, согласно Законот за јавни собири.Од ССМ велат дека пратениците цела година не се изјасниле за нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на останатите плати за најмалку 6.000 денари.-Согласно закон, најмалку по 21 човек се потребни на двете локации за да ги блокираме пратениците, но ве покануваме сите што можете да ни се...
Преподобен Ефрем Сирин
Post Views: 55 Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестано му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите...
Променливо облачно со дожд и снег на повисоките места
Post Views: 71 Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денес температурите од минимални 3, до максимални 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат...
V Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“
Post Views: 169 Шаховскиот клуб „ЛАСКЕР“ Охрид го организирa V Рапид турнир во шах „ Езерски бисер 2026“ кој ќе се одржи на 29 март во ООУ Братство Единство Охрид,Право на играње имаат сите шахисти со ФИДЕ код, а важат Правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Бројот на играчи е ограничен на 100.Шаховскиот натпревар се игра по Швајцарски систем од 9 кола. Темпото на игра е 10’05” (10 мин по играч со додаток од 05 секунди) за секој потег, почнувајќи од првиот.Пријавување најдоцна до 26 март 2026 на e-mail: laskerohrid@yahoo.com, а пријавените учесници ќе го потврдат своето...
Кривична пријава за сопственикот на правниот субјект кој не го пријавил како вработен трагично загинатиот Кристијан Љушев
Post Views: 130 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.-Пријавениот во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале, информираат од СВР...
Платена, а некористена: како Општина Струга потрошила 6,4 милиони денари за цистерна која никогаш не била ставена во употреба
Post Views: 127 Општина Струга објави дека во 2023 година набавила вакуум цистерна за одржување на водоводни и канализациони системи во руралните подрачја, со вредност од 6.400.000 денари со ДДВ, согласно склучен договор.-И покрај значителниот финансиски износ платен од јавни средства, цистерната никогаш не била ставена во употреба. Дополнително, при извршен увид е утврдено дека истата не е функционална и не може да ја извршува својата намена, велат од општината.Денес, Општина Струга се соочува со последиците од ваквите практики и одлуки донесени во минатото. Наместо...
Ги запознаваме ретките болести: Липодистрофија
Post Views: 79 ЛИПОДИСТРОФИЈА/LIPODYSTROPHYMKБ-10 Е88.1ПРЕВАЛЕНЦА – Проценката на преваленцата за дијагностицирана липодистрофија е 2,8 случаи на милион луѓе. Конгениталната липодистрофија (поради наследен генетски дефект) се проценува дека е исклучително ретка, а веројатно влијае само на еден на милион луѓе. Една подоцнежна студија објавена во изминатата година сугерирала клиничка преваленца на липодистрофија со повисока тенденција, и тоа до 1 на 20 000 индивидуи и генетска форма со тенденција до 1 на 7 000, особено кај лицата со ХИВ-инфекција.ВОВЕДСиндромите на...
Владина делегација, во чиј состав се и градоначалниците на Охрид и Струга, во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
Post Views: 102 Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа; градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков; и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз.Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО,...
82 години од смртта на Кирил Прличев
Post Views: 95 Во 1944 во Охрид на денешен ден умрел Кирил Прличев, македонски патриот, македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец, син на Григор Прличев.Бил учесник во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. За време на Втората светска војна бил директор на Музејот во Охрид. Роден бил во Охрид, на 1 март 1875 година.Студирал историја и филологија, а во текот на својот живот бил учител (учителствувал во градовите Воден, во Прилеп текот на 1901 година, по налог на Даме Груев, Цариброд, во Солун во Солунската машка гимназија, Софија...