Skip to main content

Автор: инфодеск

Од понеделник започнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

Views: 152 Од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, информираа од Министерството за внатрешни работи. По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.-Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата, велат од МВР.Министерството за...

Продолжи со читање

Јанев од Охрид: Нашите граници се национални, но безбедносните предизвици се регионални, потребна е посилна оперативна соработка

Views: 106 Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во изминатите два дена во Охрид, беше домаќин на регионалната платформа Joint Migration Task Force, посветена на справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и современите безбедносни предизвици во регионот, со посебен акцент на прекуграничните криминални мрежи и нивната способност брзо да ги менуваат начините на дејствување и криминалните рути.На средбата присуствуваа директорите на полициите на Црна Гора, Косово и Албанија, како и делегации од Обединетото Кралство, Грција и Босна и Херцеговина....

Продолжи со читање

Промовирано второто издание на „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

Views: 405 Во НУ библиотека „Григор Прличев“ Охрид, денеска беше промовирана збирката поезија за деца „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски, во издание на здружението „Креативна верига“, а како дел од Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, поддржана од Општина Охрид.Промоцијата ја отвори Христина Трпеска, директорката на библиотеката, додека за животот и делото на Тоде Илиевски говореше Милчо Јованоски, истакнувајќи го неговото значење не само како писател за деца и млади, туку и како сатиричар, хуморист, енигматичар, шаховски проблемист и преведувач, но и како драг...

Продолжи со читање

Младински Центар Охрид организира Youth Circle за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје

Views: 86 По повод Меѓународниот ден на менталното здравје, Младински Центар Охрид организира нов младински круг на универзална тема „Seen. Overthink. Repeat.”, кој ќе се одржи на 13ти октомври 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.„Колку често премислуваме за порака што сме ја испратиле, за seen без одговор, за лајк што изостанува или за објава на која некој не реагирал? Во време кога социјалните мрежи се неизоставен дел од секојдневието, важно е отворено да зборуваме за нивното влијание врз нашите мисли, расположение и...

Продолжи со читање

Во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид најкратко се чека за операција на колк

Views: 99 Од три до шест месеци за операција на колк во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид, според последните податоци на листата на чекање имало 82 пациенти, но времето до операцијата не е исто за сите. Во зависност од здравствената установа, чекањето може да биде и подолго од една година, но во охридската специјална болница за трауматологија чекањето е најкратко во земјава.„Последниот пат кога разговарав со директорот, он ќе ме корегира, имаше 82 пациенти на листа на чекање. Таа анализа беше, мислам дека 3 до 6 месеци беше времето за чекање.”– изјави...

Продолжи со читање

Булингот меѓу младите сè почесто добива и дигитална димензија

Views: 100 Насилството мегу децата и младите   сè почесто ја поместува границата меѓу физичкиот напад и дигиталниот простор. Последниот случај во Кочани, во кој шест и полгодишно дете беше физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од други малолетници, повторно го отвори прашањето колку рано треба да се реагира.Булингот е сериозен проблем, а загрижува тоа што штетата се зголемува преку технологијата. Институциите заеднички треба да работат на превенција.„Ние како Црвен крст сме отворени за соработка и соработуваме со сите институции, со СВР-а, со Центар за...

Продолжи со читање

Во август во Охрид издадени 10 одобренија за градење, во Струга 23

Views: 114 Во август годинава во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, според најновите податоци  од Државниот завод за статистика на Република Македонија.Шест одобренијасе издадени на физички лица  а во 4 случаи инвеститор е правен субјект. Планирана е градба на 94 нови станови , најмногу двособни, со корисна површина од 5 178 м2.Во соседна Струга во август издадени се 23 одобренија за градба од кои 19 на физички лица а 4 на правни субјекти. Иако бројот на одобренија е значителен , планирана е изградба на 19 станови.Во Вевчани и Дебрца не е издадено ниту едно...

Продолжи со читање

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Views: 85 Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господа Исуса, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Преображението на Господа на гората Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ, тој потоа ѝ беше како син на Пресветата...

Продолжи со читање