Автор: инфодеск
Post Views: 173 Во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР која, утре ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид ги информира граѓаните дека, заради изведување подготвителни активности, денеска од 10 до 14 часот, за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта”.На овој простор, забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба во времето од 10 до 13 часот.Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското езеро поради што, полициската...
УХМР: Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло
Post Views: 144 Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од утре ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има услови за повремен локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјата и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 8 до 22 степени Целзиусови.
Извлечена ждрепката за групите на хуманитарниот турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”
Post Views: 267 Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се извлече ждрепка за групите на вториот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации првопласираните ќе играат до самото финале.На почетокот на ждрепката одговорниот за реализација на турнирот, Тони Илијоски, ги информираше сите присутни околу правилата и прописите кои ќе бидат на важност за време на одржувањето на турнирот.Турнирот започнува на 24 октомври од 19 часот. Први ќе го...
По повод Светскиот ден на занаетчиството денес ќе се одржи изложба на рачни изработки
Post Views: 247 Со изложба на рачни изработки, НЗ Пинкокрафтс во соработка со НУ Музеј „Др. Никола Незлобински“ Струга, а во Спомен дом на браќа Миладиновци ќе го одбележат Светскиот ден на занаетчиството, 15ти Октомври.На Изложбата со свои изработки ќе се претстават ракотворци од Охрид и Струга, а во склоп на настанот ќе се одржува и работилница на која посетителите ќе може да се запознаат со различните процеси на изработка, информираат од здружението.Влезот е слободен за сите посетители.
Забрана за движење по пешачки патеки и ограничување на внатрешната пловидба поради вежба на МВР
Post Views: 148 Од денеска во Охрид отпочнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17 овој месец кај каналот „Студенчишта” во Охрид а потоа на одредени точки во водите на Охридското езеро.Поради тоа, од денеска до 17 октомври, од 05 до 13 часот, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот до комплексот „Инекс”.–Од денеска до 17-ти овој...
Вклучете се во хуманитарната собирна акција за „Ден на борба против глад“
Post Views: 174 Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар… и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат. Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна. Социјално...
„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања за спречување корупција на Агенцијата за катастар на недвижности
Post Views: 211 Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе го зајакне ангажманот за спречување корупција во институцијата. Од особена важност е граѓаните и државната администрација да се мобилизираат во обезбедувањето заштитни механизми и отпорност на корупцијата, која го разорува општеството на сите нивоа.„Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за интегритетот на институциите и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, која...
Се збратимија ИПА Охрид и ИПА Дубровник
Post Views: 198 ИПА збратимување помеѓу Охрид и Дубровник, се случи викендов во Дубровник-Република Хрватска каде, ИПА Охрид и ИПА Дубровник, потпишаа Повелба за збратимување и соработка. Повелбата, со цел ширење на принципите и идеите на Интернационалната полициска асоцијација ИПА, на пригодна свеченост, ја потпишаа претседателот на ИПА регион Охрид, м-р Стефан Димоски и претседателот на ИПА регион Дубровник, Перо Матиќ. Она што е уште позначајно е дека, ИПА збратимувањето помеѓу Охрид и Дубровник, доаѓа по потпишувањето на меморандум за збратимување помеѓу Органот за внатрешни...
Мозочниот удар е најчестото невролошко заболувања во охридско-струшкиот регион
Post Views: 390 Лекарите велат расте бројот на пациенти со мозочен удар, но се намалува и старосната граница. Сѐ повеќе млади луѓе се соочуваат со болеста. Причините се современиот начин на живот.Мозочниот удар е причина број еден за смртност и инвалидитет, трајно онеспособување на пациентите.-Старосната граница се намалува и кај мозочните уради и кај другите кардиоваскуларни болсести. Пред се причините се во стилот и начинот на живот. Стресот како голем ризик фактор, потоа пороци, конзумација на алкохол, цигари, неправилна исхрана, седален животен...
УХМР: Наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време
Post Views: 166 Денес и утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност.Од четврток ќе има зголемена облачност, по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачноста. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 8 до 22 степени Целзиусови.
Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2025 година
Post Views: 154 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува: Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2025 година.Повеќе информации на линкот.
Австриец паднал од балкон во хотел во Охрид
Post Views: 230 На 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот.Се работи за 49 годишно лице од Австрија, кој бил во друштво со 40 годишно лице од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Димоски додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.