Skip to main content

Автор: инфодеск

Културата расте со децата: Денес за најмладите детската претстава „Писмото од кралот”

Views: 289 Продукција ТРИАНГЛ за најмладите носи интерактивна музичко-драмска претстава со изведба и музика во живо, полна со хумор и едукација, насловена „Писмото од кралот”.Во раскошниот дворец на „Охрид Мол“ приказната започнува со пристигнување таинствено писмо од кралот. Со помош на публиката и многу музички моменти, создаваат вистинска училница на култура и еколошка свест. Преку игра, песна и интеракција, „Писмото од кралот“ пренесува важни едукативни пораки за бонтон и општествена култура, грижа за животната средина, како и за вредноста на почитта и меѓусебното...

Продолжи со читање

Денес ќе биде прикажана тетарската претстава „Генијална идеја“

Views: 254 Денес во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе биде изведена „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски, а сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска.Цена на карта 300 денари, почеток 20.00 часот.Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, и 13:00-20:00 часот на денот на...

Продолжи со читање

Свеќи

Бесребреници маченици Кир и Јован и со нив маченичките Атанасија и нејзините ќерки: Теоктиста, Теодотија, и Евдоксија

Views: 213 Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но, како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 182 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.Температурите слични како вчера, од минимални 4 до максимални 10 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека за време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на...

Продолжи со читање

Ждрепка за Лига на нации: Македонија во групата Б1 против Шкотска, Швајцарија и Словенија

Views: 359 Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Брисел ги дозна своите противници за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Македонија, ќе се натпреварува во Групата 1 заедно со селекциите на: Шкотска, Швајцарија, Словенија. Новиот циклус во Лигата на нации ќе започне во септември, а ќе заврши во ноември.Б-дивизија:Група 1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, МакедонијаГрупа 2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна ИрскаГрупа 3: Израел, Австрија, Република Ирска, КосовоГрупа 4: Полска, Босна и Херцеговина, Романија, ШведскаЦ-дивизија:Група 1: Албанија, Финска,...

Продолжи со читање

одобренија за градба

Во декември 2025 во Охрид издадени 8 одобренија за градба

Views: 219 Во декември 2025 година во Охрид се издадени 8 одобренија за градење, по 4 на физичко и и на правно лице како инвеститор. Според издадените одобренија предвидена е градба на 17 станови, со корисна површина од 1511 м2.Во Вевчани издадено е едно одобрение на физичко лице, а во Струга и Дебрца не е издадено ниту едно одбрение за градба.На ниво на државата во декември лани биле издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од...

Продолжи со читање

Библиотека Охрид

Бесплатни часови по англиски јазик за возрасни во Охрид

Views: 230 НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица кои веќе имаат основно познавање (ниво А1 и погоре) и сакаат да ја подобрат комуникацијата на англиски јазик.Часовите ќе се одржуваат секој четврток од 17:30 до 18:30 часот во просториите на библиотеката, а ќе ги води Дани Хамилтон, американска волонтерка во Мировен корпус на САД, носител на Кембриџ CELTA сертификат и со искуство во настава по англиски јазик за различни возрасни групи.Наставата ќе биде интерактивна и практична, без тестови и без притисок, со фокус на разговор,...

Продолжи со читање

Марко Бислимоски поднесе оставка од функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Views: 254 По неполни 8 години на функцијата, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка, објави Дојче веле. Како што објави медиумот, Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година. Бислимоски во оставката не ги наведува причините за повлекувањето. Одлуката не сака да ја коментира ни тој, ниту неговите соработници. За причините засега може само да се шпекулира, доколку се има предвид дека вториот петгодишен мандат на...

Продолжи со читање