Автор: инфодеск
Post Views: 187 Oд Регулаторната комисија за енергетика соопштуваат дека со најновата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 проценти во однос на претходната одлука. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се зголемува за два ипол денари за литар, додека дизел-горивата поскапуваат за два денари.Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 78 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 80 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 70,5 денари за литар.Екстра лесното...
Свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато
Post Views: 161 Во четврток на 17.10.2024 г. во 12 часот во село Белчишта свечено ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато.-Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да ви го испрезентираме сработеното, велат од Општина Дебрца.Оттаму додаваат дека со овој Центар се креираат вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување прекрасниот предел на Белчишко Блато и да...
Увозот на работници од странство не го реши проблемот со дефицит на кадар
Post Views: 234 Нема решение за недостигот на кадар во угостителството. Увозот на работници се покажа како неуспешен. Дел од странците од Непал, Индија и Пакистан, ја напуштија земјава, заминаа за европските земји. Мора да се изнајде начин како да се задржат младите во овој сектор.Потребна е стратегија и финансиска поддршка. „ Да не продуцираме кадар за некој друг да гледа фајде, тука да останат тука да ја градат својата иднина но за тоа треба и трет а тоа се работодавачите. Да создадеме...
Заврши првото Отворено Квиз Првенство на Македонија (Macedonian Open 2024)
Post Views: 212 Минатиот викенд заврши првото Отворено Првенство на Македонија (Macedonian Open 2024) на кое што учествуваа натпреварувачи од 10 земји на 3 континенти, Австралија, Европа и Канада.Во големата конкуренција целосниот триумф го однесоа претставниците на Велика Британија кои ги освоија сите три места на победничкиот подиум. Првото место го освои европскиот првак од 2019та година Иан Бејли со 130 поени, пред Еван Линч со 128 и квиз легендата, двојниот европски и четирикратен светски првак, Пат Гибсон со 124 поени, соопштуваат организаторите.Македонските...
Сончево со температура до 21 степен
Post Views: 170 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.foto: Ѓоко Симјаноски
Поради дефекти на мрежата без вода се жителите на „7.Ноември“, „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“
Post Views: 210 Жителите на улиците „7.Ноември“, „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ претпладнево се без вода. Од ЈП Водовод Охрид информираа дека причина за тоа се два дефекти на водоводната мрежа.Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „7. Ноември“ (прв дефект); и „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ (втор дефект), информираа од ЈП „Водовод“ Охрид.Додаваат дека екипите се на терен и работат на санаирање на дефектите.
ОО СДСМ Охрид со честитка за празникот 11 Октомври
Post Views: 183 ОО СДСМ Охрид преку своја делегација предводена од Претседателот Асен Шајн, положи свежо цвеќе на спомен бистите на борците кои го носат епитетот на непокорот и го честита 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.-Да го чуваме аманетот на борците, бидејќи означува темелник на вековни определби на македонскиот народ за слобода, мир, за свој идентитет, заедништво, борбеност и истрајност, се вели во нивната честитка.
Доделена наградата за животно дело „11 октомври“
Post Views: 251 Денеска во Кристалната сала на Собранието беше доделена државната награда „11 Октомври“ – највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Наградата се врачува се врачува секоја година во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.Годинешни добитници се: Јовица Михајловски – актер и продуцент, Владимир Темков – сликар, Љупчо-Бубо Каров – мултимедијален уметник и Марко Китевски – фолклорист. ...
Положено свежо цвеќе на спомен обележјата на НОБ
Post Views: 311 По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното економско училиште и кај градските гробишта.
„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта
Post Views: 342 Вчера вечер свечено се отвори повеќенаменско игралиште во населбата Видобишта кое го носи името на прерано починатиот наш сограѓанец Трајан – ТАЧО.-Сакам во оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам до семејството Целески кои прифатија ова игралиште да биде именувано според нивиот син/брат, и што вечерва беа дел од отворањето. Посакувам позитивната енергија и спортскиот дух кои ги имаше нашиот Тачо да бидат присутни и тука и повторно од тука да се изродат спортски надежи, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Пецаков со честитка по повод 11 Октомври – денот на народното востание на македонскиот народ
Post Views: 174„Овој празник е симбол на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ. Одбележувајќи годишнина од почетокот на народното востание во далечната 1941 година и борбата против фашизмот им изразуваме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија која израсна во правна и прогресивна држава. Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава. Ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни за она што го добивме, крваво...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и температури до 22 степени
Post Views: 148 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 13 до 22 степени Целзиусови.