Skip to main content

Автор: инфодеск

Преподобен Даниил Столпник

Post Views: 166 Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот...

Продолжи со читање

УХМР: Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Post Views: 157 Облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека под влијание на влажен бран денес и утре ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во...

Продолжи со читање

Билјанини извори

Кривична пријава против раководство на Општински фудбалски сојуз Охрид за фалсификување и измама

Post Views: 169 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 и 39 годишни охриѓани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во  системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во...

Продолжи со читање

Вечерва ќе се одржи Новогодишниот концерт на СМУ „Тодор Скаловски- Тетоец”

Post Views: 176 Вечерва во 19 часот во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга.На програмата се композиции од : Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус Помладиот, Штраус Постариот во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.Влезот е слободен.

Продолжи со читање

Семејно насилство

Два случаи на семејно насилство во Охрид и Струга

Post Views: 232 На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишен маж од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот...

Продолжи со читање

Жител на Враништа пријавен за неовластена изградба на бетонска ограда на државен имот

Post Views: 223 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во селото во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Презентација на програмите и активностите на Институтот Конфуциј на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 173 Институтот Конфуциј ќе одржи презентација на своите активности и програми во среда, 24 декември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“Презентацијата е наменета за сите заинтересирани граѓани од Охрид и поширокиот регион, со посебен акцент на образовните и културните институции. Во рамките на настанот ќе бидат преставени можностите за бесплатни часови по кинески јазик и курсевите по традиционални кинески вештини, како и културни настани и активности отворени за...

Продолжи со читање

kuce

Македонија ќе добие кафилерија и гробишта за миленици

Post Views: 181 Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Никола Миланов, во интервју за МИА најави дека институцијата работи на иницијатива за изградба на кафилерија и гробишта за миленици, со цел да се реши долгогодишен проблем поврзан со третманот на починати домашни животни.Според Миланов, досега во пракса најчесто се случувало миленичињата по угинувањето да бидат оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и комуналниот отпад, што претставува сериозен здравствен и еколошки ризик. Тој посочи дека ваквата состојба е недозволива и дека е неопходно...

Продолжи со читање