Skip to main content

Автор: инфодеск

И денес продолжува потрагата по тригодишно девојче во реката Сава во Загреб

Post Views: 246 Потрагата по тригодишното девојче во реката Сава продолжи и утринава. Покрај полицијата, денеска на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба, пожарникари, волонтери на Црвен крст и цивилната заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови.Според надлежните институции, девојчето исчезнало вчера попладне, откако заедно со својата мајка влегло во реката. Мајката, која подоцна била пронајдена и ѝ била укажана лекарска помош, изјавила дека заедно влегле во студените води на Сава. Сè уште е нејасно што се слуило и зошто мајката решила среде...

Продолжи со читање

ООУ „Григор Прличев“ со информација за сменските настави за почетокот на второто полугодие

Post Views: 289 ООУ „Григор Прличев“ ги информира учениците дека второто полугодие започнува во понеделник 20 јануари, и како и претходно наставата ќе се одвива во две смени:првата смена започнува во 7.30 часот за учениците од I-3,4,5, II, IV, VI, VIII одделение и ПУ нас. Рача-предметна настава,втора смена започнува во 13.30 часот за учениците од I-1,2, III, V, VII, IX одделение и ПУ нас. Рача-одделенска настава.

Продолжи со читање

Црвен крст- Охрид со иницијатива да и помогнеме на Ана

Post Views: 181 Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 16 годишна наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Chiari Мalformation и потребно е да и се изврши итна операција на мозокот. За операцијата која ќе се изведува во Бамберг, Германија потребни се 37.000 евра.Црвен крст Охрид се вклучи во хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за нашата сограѓанка Ана и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според...

Продолжи со читање

Нерешено заврши натпреварот Македонија-Унгарија на Светското првенство во ракомет

Post Views: 322 Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска. Одигравме нерешено 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското првенство во Вараждин. Македонската репрезентација водеше и со 4 гола во првото полувреме против унгарците, но по неколкуте грешки и промашен седмерец на крајот на првото полувреме Унгарија успеа да го израмни резултатот. Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири гола. Во второто коло вo петок Македонија игра со Холандија, а...

Продолжи со читање

УХМР: Наутро студено со појава на слаба магла по одделни котлини

Post Views: 171 Наутро студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно понекаде и претежно во планинските региони со услови за провејување на слаб снег. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -1 до 3 степени Целзиусови.Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски, информираат...

Продолжи со читање

Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект КП 144/1 КО Вапила

Post Views: 286 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,  81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,  51/11,  123/12 и 93/13,  42/14,  44/15,  129/15 ,  39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти,  како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08),  Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р А1. Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска...

Продолжи со читање

Отсуствува Национална стратегија за заштита и спасување, квалификуван персонал и несоодветно управување со имотот од страна на ДЗС

Post Views: 233 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Дирекција за заштита и спасување за 2023 година. Со ревизијата е утврдено дека ДЗС се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање, поради недостаток на Национална стратегија за заштита и спасување, недостаток на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење...

Продолжи со читање

МВР потврди дека жената чие тело е пронајдено во Вардар е исчезнатата Лидија Трајковска

Post Views: 276 Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар кај Зелениково, е идентификувано.По ДНК анализата, утврдено е дека станува збор за исчезнатата 43-годишната Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери, која од 8-ми ноември минатата година се водеше за исчезната. При првичната полициска потрага, беше утврдено движењето на жената. Таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево, а на тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот, биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер. Сопругот на Трајковска потврдил дека...

Продолжи со читање

Црвен крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици

Post Views: 368 Со низа здравствено-превентивни активности Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе биде дел од црковно-световната манифестација со која се одбележуваат големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите.-Во сабота од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата...

Продолжи со читање

Пливачки базен Струга нема да работи во недела

Post Views: 301 Од Пливачкиот базен Струга информираат дека нема базенот нема да работи поради масовната прослава на празникот Богојавление-Водици и положување на светиот крст во водите на реката Црн Дрим.Во соопштението се вели дека останатите денови остануваат истите термини за работа. Тимот на ЕСМ Молика и Пливачки базен Струга им посакуваат среќни празници на сите корисници.

Продолжи со читање

Денес ќе навиваме за Македонија на Светското првенство

Post Views: 285 Вчера, актуелните светски шампиони, репрезентацијата на Данска со убедлива победа од 47:22 против Алжир го започна Светското првенство во ракомет. Данците доминираа на теренот од самиот старт., на полувремето предноста на фаворитот веќе изнесуваше девет голови разлика (20:11), а во вториот дел беа уште поубедливи. И Австрија го победи Кувајт со 37:26.Македонските репрезентативци вчера го одработија последниот тренинг во Вараждин во пресрет на официјалниот старт на светскиот шампионат. Селекторот Кире Лазаров изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат...

Продолжи со читање

И Светиот крст во Струга ќе го положи Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан

Post Views: 393 Архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан, ќе ја води свечената литургија и ќе го положи Светиот крст во водите на Црн Дрим. Церемонијата ќе започне во 11 часот, веднаш по завршувањето на церемонијата во Охрид.

Продолжи со читање