Skip to main content

Автор: инфодеск

Нова опрема во Биохемиска лабараторија при ЈЗУ Општа болница – Охрид

Views: 242 Биохемиската лабараторија при ЈЗУ Општа болница – Охрид доби нов интегриран апарат за биохемиски и имунолошки анализи. Истиот, кој е прв од ваков вид во нашиот регион, претставува современо и ефикасно решение со висока точност, брзина и сигурност во дијагностиката. Апаратот овозможува автоматизирано извршување на широк спектар биохемиски и имунолошки тестови на еден систем, со минимална потреба од рачна интервенција.– Со напредна технологија, висока репродуктивност на резултатите и брзиот софтвер за управување со податоци, интегрираниот систем ја...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Кокејнов синдром

Views: 238 КОКЕЈНОВ СИНДРОМ/ COCKAYNE SYNDROME/ NEILL–DINGWALL SYNDROMEMKБ-10 Q87.1ПРЕВАЛЕНЦА – непознатаВОВЕДКокејнов синдром е ретко заболување кое се карактеризира со абнормално мала големина на главата, неуспех за напредок во висина и тежина што доведува до џуџест раст и одложен развој. Заболените со ова нарушување покажуваат уникатни карактеристики на лицето, вклучително и вдлабнати очи, клунест нос и истакнати уши, а исто така доживуваат прогресивна деменција. Знаците и симптомите за оваа состојба обично се видливи уште од детството и тие се влошуваат со текот на...

Продолжи со читање

Свр охрид

Кривична пријава за 42-годишник од Струга, полицијата пронашла хашиш при излез од фабрика за производство на медицински канабис

Views: 231 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.– При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш, информираат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање

Денес во Охрид премиерно ќе биде прикажан филмот „Приказната за Силјан“

Views: 240 Приказната за Силјан е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic, а премиерно во НУЦК „Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажан денес со почеток во 20.00 часот.Во филмот се говори за земјоделецот Николa кој притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и...

Продолжи со читање

Со поддршка на ЕУ формирана Национална платформа за борба против еколошки криминал и злоупотреби на културното наследство

Views: 246 Од Царинската управа информираат дека со поддршка на Европската Унија, потпишани се Меморандуми за соработка со што е поставена основата за функционирање на Национална меѓуинституционална платформа која ќе обезбеди ефикасна борба против еколошки криминал и криминални дејства против културното наследство.-Културното наследство и животната средина се темелни вредности што го обликуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот при што секој обид за нивно уништување не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и одржливост. Ваквите...

Продолжи со читање

Во сабота започнува „Езерска бизнис лига“

Views: 296Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра и соработката помеѓу локалните компании и институции.На турнирот ќе настапат девет екипи од Охрид: АСП ПАК, Магна, Костал, ТАВ Аеродром, Инекс Олгица, Жито Леб, Општина Охрид, ЛТХ Леарница и Макпетрол. Ораганизаторите најавуваат квалитетни и неизвесни натпревари, исполнети со фер-плеј и позитивна атмосфера.По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени пехари и медали за...

Продолжи со читање

Акција за чистење

Во петок ќе се одржи панел дискусија за дивите депонии во Охрид

Views: 285 Збогум Буково организира панел дискусија на којашто ќе се дискутира за состојбата со депониите и предлог решенија за спречување на непрописното депонирање на цврст отпад во општина Охрид.Настанот ќе се одржи во петок 13-ти февруари, во ресторанот на кровот на хотел Су, а почетокот е закажан симболично во 11 часот и 55 минути.Ќе говорат Дарко Блинков, Инспектор за животна средина од Државен инспекторат, Вера Рауник Раководител на одделение за управување со отпад во општина Охрид, Емил Ангелов експерт за управување со отпад од Салар Интернешенел и Ѓоко Савески...

Продолжи со читање

Пренос на моштите на свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Views: 211 Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот...

Продолжи со читање