Skip to main content

Автор: инфодеск

100 дена Министерство за дигитална трансформација: најавена првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

Post Views: 401 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во новите простории на министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI.„Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од...

Продолжи со читање

Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога на “Денови на комедија” во Куманово

Post Views: 318 Народен Театар Охрид се враќа со уште една награда од МТФ “Денови на комедија” во Куманово, информираат од Охридскиот народен театар.Актерот гостин Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, во претставата “Секс лаги и љубомора” од Марк Комплети, во режија на Коле Ангеловски.

Продолжи со читање

Денес и утре на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан

Post Views: 158 Денес и утре Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан.Денес, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид, главен подржувач на овој настанОвој настан на локалната...

Продолжи со читање

Викендов ќе се одржи симпозиум по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија

Post Views: 226 Здружението за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК” од Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво во периодот од 12.10.2024 – 13.10.2024 година во Хотел Нова Ривиера – Охрид ќе одржи симпозиум за ретките болести.Цел на овој симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката како и иновативните третмани на овие болести, концизно сумирани низ низа предавања и постер презентации на врвни експерти. Во недела, 13 октомври,...

Продолжи со читање

Поради дефект без вода корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи

Post Views: 161 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Во недела акција за подигнување на селектиран отпад на улиците „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“

Post Views: 166 На ден 13.10.2024 год. (недела) согласно Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) и реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе ја реализира акцијата од определените улици: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“.Од претпријатието апелираат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот.

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивната превенција кај пациентите со дијабетес

Post Views: 172 По повод светскиот ден на срцето, Здружението на дијабетичари во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување у рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид, организира предавање на кое пред присутните ќе говори Др. Јасмина Спасеска Јованоска.На предавањето ќе има и претставници на Крка фарма ДООЕЛ од Скопје, кои со присутните ќе споделат совети и информативни материјали, а исто така ќе вршат и бесплатно мерење на холестеролен притисок, информираат од Здружението на дијабетичари.Целта на овие активности е подигање на свеста...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд

Post Views: 143 Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец, велат од УХМР.Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 9 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, Општина Охрид

Post Views: 150 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08, 48/10,124/10, 51/11,123/12,93/13,42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18,89/22, 171/22 ),Општина Охрид, на ден 04.10.2024 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оценаЗа планскиот документ ДУП за УЗ 4, УБ 4.2 опфат 2, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од...

Продолжи со читање

Протести во Тирана, демонстрантите бараа оставка од Рама

Post Views: 212 Во главниот град на Албанија, Тирана вчера имаше сериозни нереди. Илјадници опозициски демонстранти се судрија со полицијата и фрлаа молотови коктели врз владините згради. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.Пред седиштето на владеачката Социјалистичка партија демонстрантите запалија плакат со ликот на премиерот Еди Рама и извикуваа „долу диктатурата“. Протестите продолжија пред МВР и пред седиштето на градоначалникот на Тирана, кој доаѓа од владејачката партија. Според официјалните податоци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата...

Продолжи со читање

Зголемени цените на угостителските услуги

Post Views: 201 Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто....

Продолжи со читање

Втор хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“

Post Views: 202 Во насока на спортско-фудбалско дружење на Јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид, ЈП „Билјанини извори“, втора година втор по ред организира хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“.–Турнирот започнува во четврток, на 24-ти октомври 2024 година, во 19:00 часот и ќе трае до среда, 6-ти ноември 2024 година, за кога е закажан финалниот натпревар. Сите 28 натпревари ќе се играат во Спортската сала „Билјанини извори“. Учество ќе земат 16 екипи: минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал...

Продолжи со читање