Skip to main content

Автор: инфодеск

И денес студено со провејување на снег

Post Views: 215 Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат од -3 до 0 степени.До четврток преку денот претежно во планините ќе провејува слаб снег особено во јужните делови и ќе дува слаб до повремено умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се...

Продолжи со читање

Се прочистуваат патните правци во Општина Дебрца

Post Views: 192 Екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца и дополнително ангажираната механизација уште во текот на вчерашниот ден се на терен, од раните утрински часови за чистење на снегот на територијата на Општина Дебрца, информираат од Општината.Првенствено се чистат главните патни правци до населените места, а поради обилните врнежи и наноси некои патни правци, особено оние кон планинските села се чистат по неколку пати.Од Општина Дебрца апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките за безбедност во зимски услови.

Продолжи со читање

Од вечерва повисоки цени на горивата

Post Views: 242 Нови, повисоки цени на горивата бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ, а цената на мазутот се намалува.Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари.ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава по 81,50 денари за...

Продолжи со читање

Во Вевчани продолжи вековната традиција

Post Views: 279 Одекнаа зурлите  и тапаните  се развиори Василичарското оро, продолжи вековната традиција,  под падините на Јабланица   карневалска магија.   Вевчани  наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира. Покрај традиционалните, зетот и невестата, Глупавиот август и ѓаволите, низ вевчанските улици продефилираа стотици маски.  Во фокусот на карневалот годинава  беа  скандалот со државна лотарија, бегството на Груби, променатата на личните документи, по вевчанските...

Продолжи со читање

СВР Охрид предупредува на измами преку лажни профили на социјални мрежи

Post Views: 252 СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик” на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри” или да инвестираат во виртуелни валути.-Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти, апелираме на крајна...

Продолжи со читање

Традиционален Василичарски појадок во Општина Охрид

Post Views: 295 На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески. Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски.Во духот на традицијата новите и минатогодишните кумови градоначалникот Кирил Пецаков ги даруваше со сребрени парички.

Продолжи со читање

Вевчани е чисто, проодно и безбедно за возење

Post Views: 334 Вевчани е чисто, проодно и безбедно за возење. Ј.П. Еремја Вевчани преку координирана акција и активно учество на сите чинители во сообраќајот преку навремно, непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација при чистење на снегот, овозможи нормално движење на возилата, пешаците и гостите на Вевчанскиот карневал.

Продолжи со читање

Денес сатира под отворено небо на Вевчанскиот карневал

Post Views: 328 Вевчански карневал е 15 годишна традиција која не замира.  Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат.Вчера вевчанци и посетителите имаа можност да уживаат во настапите на „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Интензивните врнежите од снег не ги спречија присутните да уживаат во забавата.Денес од...

Продолжи со читање

Охриѓани традиционално за Василица ќе подготват топејнца

Post Views: 266 Охриѓани ја негуваат традицијата и за Василица подготвуваат топејнца. Топејнцата се подготвува од варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени  едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара  засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и се пече полека, а потоа се крши и се дроби како за попара. Се продолжува од кога ќе се искрши на парчиња да се пржи на тивок оган и треба  да се истопи како алва.Охридските...

Продолжи со читање

За Водици во Охрид ќе пеат Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и ДНК

Post Views: 355 Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.01.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма, информира градоначалникот Кирил Пецаков.По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.На 20.01.2025 година, на Денот на рибарите на месноста Сараиште, со...

Продолжи со читање

ЈП Охридски комуналец: Ретроспектива низ фотографии од денешните активности за чистење на снегот

Post Views: 201 Од вчера раното утро, па сѐ до вечерниве часови вработените на ЈП Охридски комуналец ангажирани на сите критични точки, централно градско подрачје, села и населби кои гравитираат на повисоки места, чаршија, плоштади, пешачки зони, тротоари, влезови од институции од посебен интерес, пешачки премини.Од претпријатието упатуваат благодарност до кафе-бар Инстинкт кој несебично со чај ги згреа вредните работници.

Продолжи со читање

Вечерва е Стара нова година, утре Василица

Post Views: 309 Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година.Старата година ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.Ваквата традиција сеуште се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим.Се чествува и Свети Василиј Велики кој е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната...

Продолжи со читање