Skip to main content

Автор: инфодеск

Апел за помош на семејството Ѓоршески од Велгошти чиј дом е оштетен по експлозија на плин

Views: 377 На социјалните мрежи е објавен апел за помош на семејството Ѓоршески од селото Велгошти чиј дом е сериозно оштетен откако на 6 февруари избувна пожар по експлозија на плин, при што беше повредена 44-годишна жена.– Почитувани пријатели, по неодамнешната несреќа во Велгошти, Охрид, семејстото Ѓоршески се соочува со тешки последици и има потреба од наша поддршка. Во вакви моменти најважно е да покажеме хуманост, солидарност и заедништво. Секоја донација, без разлика на износот, значи многу и помага во процесот на закрепнување и обновување, стои во објавата на Facebook страната...

Продолжи со читање

Галичица во фокусот на BBC News на српски: Меѓународно признание за природното богатство на националниот парк

Views: 255 Националниот парк Галичица се најде во фокусот на реномираниот меѓународен медиум BBC News на српски, кој објави приказна посветена на неговите исклучителни природни вредности, биолошка разновидност и значењето што овој простор го има на регионално и европско ниво.– Галичица продолжува да биде препознатлива по својата уникатна природа и посветеноста кон заштита и одржливо управување, велат од НП Галичица.-Галичица е дом на ретки растителни и животински видови. Покрај природните вредности, паркот содржи значајни културни споменици – манастирот Свети Наум,...

Продолжи со читање

Денес во 9 часот почнува работнички протест, сите приоди кон Собранието ќе бидат блокирани

Views: 291 Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за денес најави протест со блокада пред Собранието на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Одлуката е донесена од Претседателството и Советот на ССМ, согласно Законот за јавни собири.Од ССМ велат дека пратениците цела година не се изјасниле за нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на останатите плати за најмалку 6.000 денари.-Согласно закон, најмалку по 21 човек се потребни на двете локации за да ги блокираме пратениците, но ве покануваме сите што можете да ни се придружите....

Продолжи со читање

Преподобен Ефрем Сирин

Views: 207 Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестано му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се...

Продолжи со читање

Променливо облачно со дожд и снег на повисоките места

Views: 232 Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денес температурите од минимални 3, до максимални 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота...

Продолжи со читање

Шах

V Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“

Views: 323 Шаховскиот клуб „ЛАСКЕР“ Охрид го организирa V Рапид турнир во шах „ Езерски бисер 2026“ кој ќе се одржи на 29 март во ООУ Братство Единство Охрид,Право на играње имаат сите шахисти со ФИДЕ код, а важат Правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Бројот на играчи е ограничен на 100.Шаховскиот натпревар се игра по Швајцарски систем од 9 кола. Темпото на игра е 10’05” (10 мин по играч со додаток од 05 секунди) за секој потег, почнувајќи од првиот.Пријавување најдоцна до 26 март 2026 на e-mail: laskerohrid@yahoo.com, а пријавените учесници ќе го потврдат своето учество на...

Продолжи со читање

Кривична пријава за сопственикот на правниот субјект кој не го пријавил како вработен трагично загинатиот Кристијан Љушев

Views: 283 СВР Охрид поднесе кривична пријава против  43-годишно лице од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.-Пријавениот во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале, информираат од СВР Охрид.Во нивното...

Продолжи со читање

Платена, а некористена: како Општина Струга потрошила 6,4 милиони денари за цистерна која никогаш не била ставена во употреба

Views: 239 Општина Струга објави дека во 2023 година набавила вакуум цистерна за одржување на водоводни и канализациони системи во руралните подрачја, со вредност од 6.400.000 денари со ДДВ, согласно склучен договор.-И покрај значителниот финансиски износ платен од јавни средства, цистерната никогаш не била ставена во употреба. Дополнително, при извршен увид е утврдено дека истата не е функционална и не може да ја извршува својата намена, велат од општината.Денес, Општина Струга се соочува со последиците од ваквите практики и одлуки донесени во минатото. Наместо подобрени услуги...

Продолжи со читање