Skip to main content

Автор: инфодеск

Забрана за движење на камиони на неколу патни правци

Post Views: 208 Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.Забрана за движење на тешки товарни возила има на следните патни правци:Гостивар – Маврово – ДебарГостивар – Стража – КичевоСтрумица – БеровоТетово – Попова Шапка (за патнички возила задолжителна е употреба на зимска опрема.)ПресекаПлетвар...

Продолжи со читање

Денес студено со повремени врнежи од снег

Post Views: 248 Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен Целзиусов.Денес ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, а услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски...

Продолжи со читање

Ј.П.,,Охридски Комуналец” со логистичка поддршка во акцијата на нуркачите за расчистување на охридското пристаниште

Post Views: 177 Ј.П.,,Охридски Комуналец” како дел од координативното тело за организација на празнувањата и активностите поврзани со големиот христијански празник Богојавление-Водици, денес логистички се вклучи во акцијата од Клубот за подводни дејности „Охрид“ кои го чистеа дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште.Од претпријатието информираат дека од дното на езерото нуркачите подигнаа поголема количина најразличен цврст отпад кој претставува опасност за капачите.

Продолжи со читање

Апел за помош за Ивица Срезоски кој боледува од

Post Views: 274 Ивица Срезоски од Гостивар боледува од спиноцеребална атаксија, болест која му оневозможува да се движи нормално, му го отежнува секојдневието и му предизвикува низа други здравствени проблеми.Ивица може повторно да застане на нозе со помош на медицински третман, рехабилитација со роботика во поликлиниката Neuromedic во Ниш, Србија за што му се потребни 20 илјади евра. Семејството апелира до сите хумани граѓани да донираат во рамките на нивните можности.Хуманите граѓани може да донираат на следните начини:Телефонски броеви за донации: А1: 143 487,...

Продолжи со читање

Денес започнува Вевчанскиот карневал

Post Views: 277 Денеска со забавно-уметничка програма и концертни настапи на домашни и регионални изведувачи започнува „Вевчанскиот карневал“ кој ќе трае до вторник, 14ти јануари.Забавно музичката програма покрај главното дефиле на маските, годинава ќе се одвива во две вечери. Преку маските, игрите и движењата на василичарите, на сатиричен начин се истакнуваат и исмеваат негативните појави и аномалии во општеството од изминатата година.Вечерва во Вевчани ќе настапат мегапопуларниот македонски трапер, охриѓанецот Пајак, потоа една од најдобрите македонски поп-рок...

Продолжи со читање

Охрид под снежна покривка

Post Views: 178 Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси, информираат од УХМР.Денес во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -2 до 0 степени Целзиусови.Денес насекаде ќе има врнежи од...

Продолжи со читање

Атина ќе биде домаќин на Европските филмски награди во 2027 година

Post Views: 237 Во јануари 2027 година, Атина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди кои за првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа.Предлогот Атина да биде град-домаќин го подготвил Грчкиот центар за филм, аудиовизуелни средства и креативност „Creative Greece“, го доставил до Европската филмска академија и бил прифатен, церемонијата ќе се одржи на 16 јануари 2027 година во Културниот центар на Фондацијата Ставрос Ниархос, а активностите во пресрет на доделувањето на наградите ќе започнат 12 месеци претходно, со бројни настани посветени на грчката и...

Продолжи со читање

Renault 5 и Alpine A290 се најдобрите автомобили за 2025 година

Post Views: 340 Прогласени се европските автомобили на годината за 2025 година: Renault 5 и Alpine A290. Наградата за Европски автомобил на годината за оваа година беше објавена на салонот за автомобили во Брисел во 2025 година. Alpine A290 ја освои престижната титула Автомобил на годината за 2025 година, доделена од европското жири COTY. Оваа меѓународно призната награда го крунисува првиот модел на нова електрична генерација за брендот Alpine.Гласовите на 60 автомобилски новинари од 23 земји го избраа победникот. Дуото Alpine A290 и Renault 5 E-Tech го освоија првото место...

Продолжи со читање

Општина Битола организира бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки

Post Views: 303 Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и општествено одговорната компанија за превоз „МИГ Травел“, вчера ја реализираа првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера го посети скијачкиот центар Копанки, каде имаше можност да се сретне со задоволните граѓани кои го искористија организираниот бесплатен превоз и ја поздравија иницијативата на општина Битола, за можноста битолчани да...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температури до 9 степени

Post Views: 204 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места.Во Охрид максималните температури од 4, а максималните ќе се движат до 9 степени Целзиусови.Во недела не очекува облачно и студено време со врнежи претежно од снег, наместа пообилни. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми.

Продолжи со читање

Пецаков: Продолжија активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улиците во Велгошти

Post Views: 199 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека продолжија активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици во Велгошти.-Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој договор, а согласно предвидената динамика, активностите продолжија после празниците и се очекува деновиве да завршат, вели градоначалникот.Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари, а средствата се обезбедни преку Министерството за транспорт и врски и буџетот на општина Охрид.

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар доби донација на канти за селекција на органски отпад 

Post Views: 231 Канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето, доби ЈП Градски Пазар како донација во рамки на проектот „Процес на компостирање за одржливост“ кој го спроведува во соработка со организацијата „AGRO Ecolife – Ohrid”. Проектот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.-Како одговорен партнер, посветени сме на промовирање на еко-пријателски практики и подигање на свеста за селекција на отпадот во нашата заедница. Овој проект е уште еден чекор напред во нашите заложби за заштита на животната средина и поттикнување...

Продолжи со читање