Автор: инфодеск
Post Views: 307 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка на најмасовната културно- верска манифестација кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство. Во согласност со традицијата, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на...
Куратица подготвена по 26ти пат за Василица
Post Views: 334 Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку 500 години), но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години. Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган .Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од ентузијастите –волонтери од здружението “Св Василиј” од с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт.Традиционалниот дел остана...
Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница во село Климештани
Post Views: 360 Од Општина Дебрца информираат дека пред крајот на 2024 година завршен е уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани, каде извршена е реконструкција на кровот, замена на прозорци и врати, обработка на внатрешни ѕидови и тавани со кнауф, надворешна фасада со абрип и бетонски тротоари.Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
Најмалку 10 жртви во најразорниот пожар во Лос Анџелес
Post Views: 402 Aмериканските медиуми објавија дека бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се зголеми на 10, а наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе. Официјални лица соопштиле дека во Палисадес вкупно биле мобилизирани повеќе од 7.500 пожарникари, а околу 400 членови на Националната гарда на Калифорнија се исто така распоредени за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во моментов има пожари на површина од околу 8.000 хектари.Пожарот Итон во близина на Пасадена на 5500 хектари останува целосно неконтролиран. Пожарната активност во Холивуд...
Охридски Комуналец со апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила
Post Views: 315 Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид со апел пред најавениот снежен бран граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила.-Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П.,,Охридски Комуналец” упатува апел до граѓаните на општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини во централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, потоа сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато, се вели во...
Денес променливо облачно, кон крајот на денот повремен локален дожд
Post Views: 201 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена...
Таравари изјави дека нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
Post Views: 231 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на 16. декември на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.-Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.Таравари исто така изјави дека причината за смртта е најверојатно бидејќи бебето е донесено подоцна на Клиниката....
МВР предупредува на телефонски измами со пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID
Post Views: 190 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска...
Македонскиот пасош е рангиран на 40. место во светот, без виза можеме да патуваме во 129 земји
Post Views: 623 Македонскиот пасош е рангиран на 40. место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година на „Хенли енд партнерс“ и со него без визи може да се патува во 129 земји во светот.Северна Македонија бележи напредок од 5 позициии во однос на лани, кога беше позиционирана на 45. место. Од 2018 година, па наваму, овогодишното рангирање на нашиот пасош е највисоко, за разлика од 2021 година, кога се наоѓал на 47. место.Ова рангирање, базирано на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), го мери бројот на земји што може...
Пријавени два случаи на закани и агресивно однесување во семејството во Струга
Post Views: 373 На 8-ми јануари 2025 година, во 14:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 42-годишно лице од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46-годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 8-ми јануари 2025 година, во 13:20 часот во струшко село, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 49-годишно лице, постапувајќи по претходна пријава дека со...
Поскапеа горивата
Post Views: 230 Горивата од синоќа на полноќ се продаваат по нови, повисоки цени.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се зголеми за еден денар за литар, додека поскапување за денар и половина ќе има кај бензинот БС-98 и дизелот.Од полноќ литар бензин БС-95 се продава за 78 денари за литар, бензинот БС-98 за 80,5 денари, а дизелот за 72,5 денари за литар.Цената на екстра лесното масло за домаќинство, исто така се зголеми за денар и половина и тоа од денес ќе се продава за 72 денари за литар.Со одлуката на РКЕ од...
Македонија e дел од интернационалниот саем за туризам „Vakantiebeurs” во Утрехт, Холандија
Post Views: 250 Македонија повторно е дел од интернационалниот саем за туризам „Vakantiebeurs” што се одржува во период од 08 до 12 јануари 2025 година во Утрехт, Холандија.–Холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија е од значаен интерес за развој на туризмот во нашата држава, истакнуваат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.Учеството на саемот и промоцијата на македонскиот туризам индиректно придонесува за континуиран раст на бројот на холандски туристи во Македонија....