Skip to main content

Автор: инфодеск

Српски медиуми тврдат дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

Views: 260 Дел од српските медиуми објавија дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно бил киднапиран во Белград, во близина на Бетон хала, каде бил присилно внесен во автомобил и од него била барана откупнина од 20.000 евра.Според истите наводи, инцидентот завршил кај Рума по судир со заштитна ограда, по што осомничените побегнале.Засега нема официјална потврда од српските институции, ниту изјава од Кајмакоски, а информациите се темелат исклучиво на медиумски извори. Се очекуваат детали од српското МВР или од самиот Кајмакоски за целиот случај.

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Недостиг на карнитин палмитоил трансфераза II

Views: 229 НЕДОСТИГ НА КАРНИТИН ПАЛМИТОИЛ ТРАНСФЕРАЗА II – МИОПАТСКА ФОРМА/ CARNITINE PALMIOYL TRANSFERASE II DEFICIENCY, MYOPATHIC FORMMKБ-10 Е71.3ПРЕВАЛЕНЦА – во литературата се пријавени околу 300 случаи на миопатска форма, но со овој број може да се потцени преваленцата на болеста.ВОВЕДМиопатската форма на недостигот на карнитин палмитоил трансфераза II (CPT II), наследно метаболичко нарушување што влијае на митохондријалната оксидација на масните киселини со долг ланец (LCFA), е најчестата тешка форма на дефицит на CPT II. Миопатската форма конкретно влијае на...

Продолжи со читање

Недела на блудниот син, втора недела пред великиот пост

Views: 235Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Има некои коишто живеат мошне блудно уште од млада возраст, и во пијанство и во нечистотија, и откако ќе паднат во длабочината на тие зла, доаѓаат до очај, кој, пак, е пород на гордоста. И затоа не сакаат да дојдат до грижа за добродетелите, туку уште подлабоко запаѓаат во злото. Светите отци човекољубиво имаат одговор за таквиот човек, и сакајќи да го одвлечат од очајанието таквиот, му ја принесуваат тука оваа приказна која страстите на очајот ги истргнува од корен, а луѓето ги упатува кон добродетелите. Покажувајќи дека...

Продолжи со читање

Вежбовни активности на белгиската армија во Охрид и Радожда

Views: 233 Од денес, 7 февруари, до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија.-Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства. Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава, информираат од СВР Охрид....

Продолжи со читање

Денес променливо облачно, претпладне слаб локален дожд

Views: 221 Денес променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.Денес во Охрид минималните температури од 5, а максималните до 12 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Views: 222 Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено...

Продолжи со читање

Промени во врвот на ВМРО: Ковачки станува партиски генерален секретар, Томовски е организациски секретар, Пецаков дел од ИК

Views: 223 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата, по одржаната седница на Централниот комитет на која, како што истакна, биле донесени клучни одлуки за понатамошно организациско зајакнување и модернизација на партијата.Мицкоски информираше дека за организационен секретар е именуван Ивица Томовски, додека Владимир Неловски продолжува да ја извршува функцијата шеф на кабинетот.Според него, новиот состав има за цел да обезбеди поефикасна, обединета и функционална партиска структура која ќе...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Нијмегенов синдром на раскинување

Views: 269 НИЈМЕГЕНОВ СИНДРОМ НА РАСКИНУВАЊЕ/ НИЈМЕГЕНОВ СИНДРОМ НА КРШЕЊЕ/ NIJMEGEN BREAKAGE SYNDROMEMKБ-10 Q87.8 (Q90.9, D81.9)ПРЕВАЛЕНЦА – непозната, иако постојат податоци дека преваленцата кај новороденчињата со источнословенско потекло (Белорусија, Украина, Русија и Латвија) била проценета на 1/1 000 000 живородени, додека преваленцата во западнословенскиот регион (Полска, Словачка и Чешка) се проценува на 1/330 000.ВОВЕДНијмегенов синдром на раскинување (НСР) е редок синдром на генетска, хромозомска нестабилност која најверојатно настанува како резултат на дефект во...

Продолжи со читање