Автор: инфодеск
Post Views: 233 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните.Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие...
Сончево и релативно топло со умерена облачност
Post Views: 183 Денес времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени Целзиусови.Утре кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално се очекуваат пообилни врнежи, информираат од УХМР.
Јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација
Post Views: 242 Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ“ бр.5/02), програмата за спорт и рекреација за 2025 година бр.08-15415/8 од 25.12.2024 година Службен гласник на општина Oхрид број 14/24 од 26.12.2024 година, Градоначалникот на Oпштина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА...
Јавен повик за субвенционирање трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“
Post Views: 256 Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за давање согласност на Oдлуката за утврдување цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид...
Конкурс за доделување награди и признанија за најуспешни спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024
Post Views: 298 Врз основа на член 3 од правилникот за критериумите, условите и постапката за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“, Градоначалникот на Општина Охрид, распишува:КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2024 ГОДИНАПовеќе информации на линкот.Фото: Архива 2023
Возило излетало надвор од коловозот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум
Post Views: 250 Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од селото Оровник, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници, 20 годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца и 21 годишно лице од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
Соопштение за организирање повторена јавна анкета за ДУП за УЗ 6 за планскиот период 2019-2029
Post Views: 229 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20),а во врска со член 35од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Сл. Весник на РМ“бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весникна РСМ“бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24 и 224/24), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА...
Артан Груби ќе остане без професорската титула на Тетовскиот универзитет
Post Views: 311 Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој работеше 13 години како доцент на Правниот факултет, отсек новинарство. Причината за постапката за отказ е неговото отсуство, не се појавил на работа откако заминал од Македонија, па се распиша потерница по него. Осомничен е за сторени злоупотреби.Според Сафет Емрули – декан на Правниот факултет, Груби, поради вршењето јавна функција до август 2024 кога се вратил на работа, го ставил во прекин работното место на Универзитетот, но неколкудневното отсуство без да даде...
Денес и утре богослужби во манастирот Св. Стефан по повод истоимениот празник
Post Views: 270 За празникот Св. Стефан, во манастирската пештерна црква Свети Стефан Панцир во истоимената крајезерска наслеба ќе има богослужби.-Во среда на 08.01.2025 г. попладне во 16 часот ќе се богослужи вечерна богослужба, а четврток во 7, 30 ч. утрена богослужба со света божествена литургија. Ги покануваме сите верници да дојдат на заедничка молитва, порачуваат од свештенството на манастирот Св. Стефан.
Два натпревари суспензија за Винисиус Жуниор поради нападот на Столе Димитриевски
Post Views: 206 Бразилецот Винисиус Жуниор доби два натпревари суспензија за неспортскиот потег кон македонскиот голман Столе Димитриевски во натпреварот со Валенсија, и откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2-1.Бразилецот одговори агресивно и заработи црвен картон на „Месталја“, а откако дисциплинската комисија реши да му додели суспензија од два меча, Шпанците решија да откријат и една конверзација меѓу Столе и Вини од стартот на вториот дел.– Ти ќе шутираш, или не? Не се осмелуваш да шутираш, – му порачал...
Вонредна ситуација во Калифорнија поради шумскиот пожар во луксузниот дел на Лос Анџелес
Post Views: 415 Шумски пожар предизвикува уништување и хаос на југот на американската сојузна држава Калифорнија, во областа Пасифик Палисејдс, каде малиот шумски пожар се претвори во огнен пекол за неколку часа поради силните ветрови.Најмалку 1.180 хектари изгореа во Пасифик Палисејдс меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу откако официјални лица предупредија на екстремна опасност од пожари поради силните ветрови и продолженото суво време. Пожарот во Пасифик Палисејдс, каде што живеат и холивудски ѕвезди, се зголемил од четири на 1.180 хектари во рок од само неколку...
Втор ден Божиќ: Собор на Пресвета Богородица
Post Views: 233 На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.Црквата...