Skip to main content

Автор: инфодеск

Се одбележува Светскиот ден на туризмот

Post Views: 180 Под мотото Туризам и мир и денес се одбележува Светскиот ден на туризмот. Во Охрид по тој повод  на ФТУ се одржува  Меѓународна научна конференција. Целта на Агенцијата за подрршка и промоција на туризмот е создавање на конкурентна туристичка дестинација.„Светот размислува за длабока поврзаност на туризмот и мирот, а земјава се наодлонува со темата во контекс на одржливиот туризам, кој може да ги транформира заедниците преку создавање работни места поттикнување на вклученоста и зајакнување на локалните економии. Со зачувувањето на културното и природното...

Продолжи со читање

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во дводневна посета на земјата: Следната станица за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат е да се постигне спогодба со Бугарија

Post Views: 188 Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска од Охрид, во рамки на дводневната посета на земјата, кажа дека е историска грешка што сè уште не се започнати преговорите на ЕУ со Северна Македонија, а згора на тоа на евроинтеграцискиот пат ја издвои Албанија. Орбан, на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по одржаната меѓувладина седница рече дека има план со кој ќе се одблокира европскиот пат на земјава, односно како да се реши спорот меѓу Македонија и Бугарија.„Следната станица за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат е да се...

Продолжи со читање

Интензивно се работи на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта

Post Views: 215 Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.Во оваа фаза се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири, трибини, свечености други настани.Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори, се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории, ИТ инсталацијата, како и фасадата од северната и западната страна и други активности.Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата...

Продолжи со читање

Монтиранa нова вертикална центрифугална пумпа за водоснабдување на село Мешеишта

Post Views: 221 Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува  да бидат ставени во функција.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Продолжи со читање

Медиумско ангажирање и описменување на младите за поголем граѓански и политички активизам

Post Views: 210 Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите.Ова се наведува во публикација „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање”, во која се презентирани наодите од истражувањето што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го спроведе со испитаници на возраст од 18 до 29...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи претставата „Младиот чорбаџија“  

Post Views: 256 Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, денес  на сцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот чорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје.Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни нешта битни за  нивно правилно воспитување и осознавање на вистинските вредности. Однесувањето кон семејството и семејните вредности, почитта, хуманоста,...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температури до 26 степени Целзиусови

Post Views: 263 Денес во Охрид времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец и температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 26 степени Целзиусови.Сончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник кога ќе биде и најзначителен пад на температурата (за 8 до 10 степени), информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Православните христијани денес го слават празникот Крстовден – Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст

Post Views: 269 Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на...

Продолжи со читање

Во понеделник црковно народен собир во црквата Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Post Views: 233 По повод празникот Свети маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните христијани на 30-ти септември традиционално ја посетуваат малата црква посветена на светителките во населбата Лагадин.Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев го изгради параклисот по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој празник верниците доаѓаат да се помолат , се отпејува проскура и пченица, а се служи и ручек. Ктиторот на црквата Патчев традиционално собраните средства ги наменува во хуманитарни цели.На 30 септември, црквата го празнува...

Продолжи со читање

Денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор

Post Views: 164 Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.-Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја...

Продолжи со читање

Трет уписен рок на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Post Views: 164 Третиот уписен рок за новата академска 2024/2025 година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е утре (27-ми септември 2024 год.). Заинтересираните кандидатите ќе може да поднесат документи од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот, велат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.Повеќе информации за уписот може да се најдат на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.

Продолжи со читање

Акцијата за подигање кабаст отпад во населба Бараки ќе се реализира во понеделник наместо утре

Post Views: 162 Акцијата за кабаст отпад У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира на 30.09.2024 год.(понеделник).Заради преземените неопходни безбедносни мерки и активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека највената акција за подигање кабаст отпад за ден 27.09.2024 год.(петок) од У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира на ден 30.09.2024 год.(понеделник), велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид....

Продолжи со читање