Автор: инфодеск
Views: 196 Денес ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.Во Охрид денес температурите од минимални 4 степени, до максимални 8 степени Целзиусови.
Песна во чест на пријателството: „Жена убава“ на Броз, Марама и Емилија Маринова посветена на нивниот пријател Кристијан Љушев
Views: 348Со силни емоции и длабока почит, охридското музичко дуо Броз и Марама, заедно со Емилија Маринова, ја објавија новата песна „Жена убава“, која е посветена на нивниот пријател и соработник, прерано починатиот Кристијан Љушев.Видео спотот е реализиран од прерано починатиот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, на кого му е посветена и самата објава.-Кристијан, другар, нашиот последен проект го споделуваме во чест на тебе. Ти благодариме за сè што направи за нас. Нема збогум, нема чао — секогаш беше, си и ќе бидеш дел од нас, напишаа Броз, Марама и Емилија во...
Ги запознаваме ретките болести: Дабин–Џонсонов синдром
Views: 189 ДАБИН–ЏОНСОНОВ СИНДРОМ/ DUBIN JOHNSON SYNDROME (DJS)MKB-10 E80.6ПРЕВАЛЕНЦА – преваленцата на Дабин–Џонсоновиот синдром се проценува на помалку од еден случај на 100 000 лица на глобално ниво. Дабин–Џонсоновиот синдром влијае на лица од секакво етничко потекло, но најчесто се јавува кај иранските или мароканските Евреи, кај кои, поради мутации, е пријавено дека се јавува кај до 1/1 300 поединци.ВОВЕДДабин–Џонсоновиот синдром претставува бенигно, ретко заболување кое се карактеризира со појава на хипербилирубинемија, предоминантно на конјугираниот билирубин....
Јавен повик за стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид
Views: 206 Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2026 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2025/2026 година.Стипендиите се доделуваат за 9...
Охриѓанец со сторени девет измами за лажни сообраќајни ги оштетил жртвите за 3.6 милиони денари
Views: 281 На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишено од слобода е 38 годишно лице од Охрид. По извршен службен разговор лицето појаснило за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари.До ОЈО Штип...
Познато кои предлог-идеи ќе бидат финансирани од Општина Охрид во областа на културата за 2026 година
Views: 305 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, Правилникот за начинот, критериумите и постапката за вклопување на предлог-идеи за програми, проекти и активности од областа на културата од интерес на општина Охрид, кои ќе станат составен дел од програмата за култура за 2025 година, бр. 09-12783/3 од 17.10.2024 година, објавениот Јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата на општина Охрид за 2025 година бр. 09-14957/3 од 05.11.2025 година, а во...
Пијан возач со три забрани предизвикал сообраќајка со три возила на улицата „АСНОМ“ во Охрид
Views: 239 На 4 февруари 2026 година, во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.–Патничко возило марка „Фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 24-годишно лице од Охрид, патничко возило „Ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од Охрид и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишник од Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека возачот на „Фолксваген амарок“ го управувал...
Сејф сити ќе профункционира и во охридско-струшкиот регион пред летната сезона
Views: 281 Во Охрид и Струга се планира поставување на вкупно 40 сообраќајни камери, кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор Безбеден град, Сејф сити, наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина.Според најавите, системот треба да започне со работа пред стартот на летната туристичка сезона. Во моментов, четири камери веќе се физички монтирани на автопатската делница Охрид Кичево, на потезите меѓу селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се поставени, тие сè уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на...








