Skip to main content

Автор: инфодеск

Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Post Views: 253 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во синоќешното гостување во „За или против“ на Алфа телевизија, зборуваше за измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, кои со најновите измени предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ. Веќе од вчера секој електронски документ од Националниот портал и другите државни институции може да се употребуваа како оригинал документ.Нивната валидност ќе може да се...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Post Views: 195 Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали.Во Охрид денес температурите од 3 до 6 степени.Од утре ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи...

Продолжи со читање

Д-р Никола Бакрачески дел од тимот на болницата „Плодност“ од Битола

Post Views: 959 Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот започнува со работа во Болница Плодност.-Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во Болница Плодност, се вели во соопштението од болнцата.Д-р Бакрачески има долгогодишно работно искуство, 28 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка, тој е основач на регионалниот центар за...

Продолжи со читање

Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал

Post Views: 373 Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал кој традиционално ќе се одржи на Василица. Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат, а Општината ќе се погрижи за забавниот дел, кажа градоначланикот на Вевчани, Спасе Кочовски денеска на прес конференција.„ Оваа година очекуваме многу гости од...

Продолжи со читање

Александар Камбовски e нов претседател на Судскиот совет

Post Views: 482 Судијата Александар Камбовски е избран за нов претседател на Судскиот совет. За негово именување гласаа сите члена на советот со право на глас. Камбовски, кој летово стана член на Судскиот совет, доби доверба од 28 судии кои гласале за него. Судскиот совет има 15 членови, од кои 8 ги избираат судиите од своите редови, а од 5 членови што ги избира Собранието, двајца се на предлог на претседателот на државата.Изборот на Камбовски доаѓа откако Судскиот совет остана без претседател минатиот месец, кога Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка.Фото: 24info.mk

Продолжи со читање

Денеска во Охрид теренско полагање на кандидати за полициски службеници

Post Views: 188 СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за  полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање.-Притоа,  кандидатите за  полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Вечерва прв метеорски дожд за 2025 година

Post Views: 306 Првиот метеорски дожд во 2025 година кој НАСА го смета за еден од најдобрите годишни дождови се предвидува да го достигне врвот на својата активност вечерва, со стотици метеори кои ќе го осветлат ноќното небо доколку временските услови се оптимални.Метеорскиот дожд квадрантид се случува секоја година на почетокот на јануари и е еден од најинтензивните годишни прикази на метеори. Своето име го добил од некогашното соѕвездие Quadrans Muralis, именувано од францускиот астроном Џеј Џеј Лаланд во 1795 година. Овој дожд првпат бил забележан во 1830-тите од...

Продолжи со читање

Сè уште се трага по возачот на автомобилот што вчера падна во Вардар

Post Views: 345 Трагична несреќа ја потресе Македонија вчера, кога автомобил излета од патот на делницата Рашче – Кондово – Сарај и падна во реката Вардар.  Од МВР утринава информираа дека вчеравечер во 21:05 часот екипи на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од водите на Вардар го извлекле возилото марка „ауди“ во кое биле пронајдени три починати лица. Полицијата сè уште трага во четвртото лице кое го управувало автомобилот.Во автомобилот се наоѓало и 4 годишно дете, кое за среќа било спасено од страна на случајни минувачи. Детето е пренесено во ГОБ „Св. Наум...

Продолжи со читање

Денес Света архиерејска заупокоена литургија на Плаошник за 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј

Post Views: 232 Денес во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија.– На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г. Јаков. По Литургијата ќе се отслужи парастос на гробот, информираат од Дебарско-кичевска епархија од Охрид.Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 230 Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.Во Охрид температурите денес од 0 до 8 степени Целзиусови.Под влијание на влажен бран попладне во западните делови ќе...

Продолжи со читање

„Збогум Буково“ посадија 14 садници див костен на АСНОМ

Post Views: 180 Дел од тимот на „Збогум Буково“ денес посади 14 садници на див костен во слободните предвидени места за дрвца во дрворедот на улицата АСНОМ во Охрид. Оваа мала акција е вовед во новата, позелена и похумана година во која ќе дојдеме поблиску до целта, а тоа е Буково да биде излетничка зона.Во нивното соопштение објаснуваат за нивната одлука зошто да посадат баш див костен.„Дивиот костен е впечатливо и прекрасно листопадно дрво. Обично достигнува височина од околу 12 метри и широчина на крошната од околу 8 метри. Иако е брзорастечко дрво,за да ја...

Продолжи со читање

Утре Света архиерејска заупокоена литургија на Плаошник за 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј

Post Views: 192 Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека утре во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија.– На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г. Јаков. По Литургијата ќе се отслужи парастос на гробот, информираат од Дебарско-кичевска епархија од Охрид....

Продолжи со читање