Skip to main content

Автор: инфодеск

ЈП „Охридски комуналец“: Мапирани 8 мини-депонии, подигнати 24 м3 кабаст отпад и градежен шут

Views: 189 Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека мапирани се 8 мини-депонии и во текот на вчерашниот ден подигнати 24 м3 кабаст отпад и градежен шут.-Нашите дежурни служби мапираа диво создадени 8 депонии од несовесни граѓани кои ја загрозуваат животната средина на околното население од следните локации: локалитети Бејбунар и Мегдани, населби Даљан и Гоце Делчев (Бараки), ул.,,Галичица” и кај станбениот комплекс во близина на општата болница, велат од претпријатието.

Продолжи со читање

НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” збогатен со монографијата „Охридско-струшкиот кувенџиски центар“ на Љупчо Милошески

Views: 224 Вчера библиотеката на НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци”- Струга се збогати со монографијата ,,Охридско-струшкиот кувенџиски центар”. Монографијата претставува збир и приказ на предмети изработени во овој кувенџиски центар.-Во време кога традиционалните занаети се повеќе исчезнуваат од живата практика, ваквите записи претставуваат значаен чекор кон зачувување на материјалното културно наследство и негово пренесуваење кон идните генерации, велат од установата.Автор на оваа вредна монографија е Љупчо Милошески, издавач е НУ Центар за култура ,,Браќа...

Продолжи со читање

Охридскиот аеродром се стекна со Ниво 2- Акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми

Views: 216 Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на ADP-групацијата, постигна Ниво 2–Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми. Охридскиот аеродром ја доби оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA) како резултат на  активностите преземени во процесот за намалување на...

Продолжи со читање

Свеќи

Свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

Views: 258 Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и победи своето тело. Се...

Продолжи со читање

Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Views: 222 Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека утре поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

Продолжи со читање

Земјотреси со епицентар во Албанија почувствувани и во Охрид

Views: 212 Вечерва регионалните сеизмолошки мрежи регистрираа два поединечни земјотреса со епицентри во соседството, кои беа почувствувани и од дел од населението во Охрид и околината.Првиот земјотрес, со епицентар во Албанија, е регистриран во 19:43 часот по локално време со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 15 км, додека вториот е забележан во 19:50 часот со јачина од 3,8 степени и длабочина од 3км.

Продолжи со читање

an abstract image of a sphere with dots and lines

Обвинителството отвори предмет за извозот на мозоци од Македонија за научни цели во САД 

Views: 244 Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори случај по информациите објавени во медиумите во врска со наводите од документите објавени во случајот Џефри Епштајн, кои покажуваат дека примероци од мозок од починати лица од нашата земја, кои веројатно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во Соединетите Американски Држави. Целта на оваа истрага е да се испитаат индикациите за можно постоење на елементи на кривично дело.-Предметите се доставени до главното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,...

Продолжи со читање

ССМ бара намалување на функционерските плати за 80 проценти

Views: 248 Сојузот на синдикатите на Македонија денес поднесе законска иницијатива со која предлага функционерските плати да се намалат за 80 отсто, преку промена на начинот на нивна пресметка и намалување на постојните коефициенти. Според предлогот, основицата за пресметување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица треба да биде минималната плата во државата, според податоците на Државниот завод за статистика. Дополнително, коефициентите утврдени во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и функционерите се предлага да се намалат за 40 проценти, што во...

Продолжи со читање