Автор: инфодеск
Post Views: 99 Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2026 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на традиционални занаети на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-1141/1 од 02.02.2026 година објавува Јавен повик за за субвенционирање на традиционални занаети на подрачјето на Општина Охрид за 2026 година.Право на учество на јавниот повик имаат кондураџии, опинчари,производство на хартија, книговез, ваљајчари, бојаџии, кувенџии, резба на дрво и бакар, филигран, ткајачи и...
Градоначалникот Кирил Пецаков со поддршка за лицата со ретки болести
Post Views: 91 -Месецот февруари е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Градоначалнкот истакна и дека преку континуирана поддршка и конкретни активности можеме да придонесеме за поголема и инклузија, поквалитетен живот и зајакнување на нивните права и достоинство, а кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ има значајна улога во информирањето на јавноста, унапредувањето на разбирањето за овие состојби и разбивање на предрасудите.Општина Охрид...
Две интервенции на полицијата во Струга: кривична за дилер со кокаин и приведено лице што нападнало медицински персонал
Post Views: 146 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 35-годишник од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.– При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските инспектори кај него пронајдоа кокаин, по што беше лишен од слобода, информираат од СВР Охрид. На 8 февруари 2026 година, во 01:40 часот, во Општата болница во Струга e приведено 59-годишно лице од струшкото село Делогожда, кое претходно, со викање...
20-годишнно лице од Франгово лишен од слобода бидејќи управувал возило без положен возачки испит, одземено и неговото возило
Post Views: 119 На 8 февруари 2026 година, во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље-Струга, од слобода е лишено 20-годишно лице од струшкото село Франгово.– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило марка „Поло“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Заев ги отфрла политички мотивираните обвинувања за неговата поврзаност со случаите со канабис, се закани со тужба
Post Views: 137 Експремиерот Зоран Заев преку Фејсбук пост јавно ги демантира, како што ги оценува, лагите и клеветите што, според него, со години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, партиските портпароли и медиуми блиски до партијата. Тој истакнува дека веќе пет години е целосно надвор од политиката, откако поднел оставка од сите политички и државни функции, но и покрај тоа, неговото име, како што вели, континуирано се злоупотребува во јавноста.–Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет...
Српски медиуми тврдат дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Post Views: 113 Дел од српските медиуми објавија дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно бил киднапиран во Белград, во близина на Бетон хала, каде бил присилно внесен во автомобил и од него била барана откупнина од 20.000 евра.Според истите наводи, инцидентот завршил кај Рума по судир со заштитна ограда, по што осомничените побегнале.Засега нема официјална потврда од српските институции, ниту изјава од Кајмакоски, а информациите се темелат исклучиво на медиумски извори. Се очекуваат детали од српското МВР или од самиот Кајмакоски за целиот случај.
Ги запознаваме ретките болести: Недостиг на карнитин палмитоил трансфераза II
Post Views: 96 НЕДОСТИГ НА КАРНИТИН ПАЛМИТОИЛ ТРАНСФЕРАЗА II – МИОПАТСКА ФОРМА/ CARNITINE PALMIOYL TRANSFERASE II DEFICIENCY, MYOPATHIC FORMMKБ-10 Е71.3ПРЕВАЛЕНЦА – во литературата се пријавени околу 300 случаи на миопатска форма, но со овој број може да се потцени преваленцата на болеста.ВОВЕДМиопатската форма на недостигот на карнитин палмитоил трансфераза II (CPT II), наследно метаболичко нарушување што влијае на митохондријалната оксидација на масните киселини со долг ланец (LCFA), е најчестата тешка форма на дефицит на CPT II. Миопатската форма конкретно...
Недела на блудниот син, втора недела пред великиот пост
Post Views: 108Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Има некои коишто живеат мошне блудно уште од млада возраст, и во пијанство и во нечистотија, и откако ќе паднат во длабочината на тие зла, доаѓаат до очај, кој, пак, е пород на гордоста. И затоа не сакаат да дојдат до грижа за добродетелите, туку уште подлабоко запаѓаат во злото. Светите отци човекољубиво имаат одговор за таквиот човек, и сакајќи да го одвлечат од очајанието таквиот, му ја принесуваат тука оваа приказна која страстите на очајот ги истргнува од корен, а луѓето ги упатува кон добродетелите....
Вежбовни активности на белгиската армија во Охрид и Радожда
Post Views: 112 Од денес, 7 февруари, до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија.-Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства. Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава, информираат од СВР...
Денес променливо облачно, претпладне слаб локален дожд
Post Views: 109 Денес променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.Денес во Охрид минималните температури од 5, а максималните до 12 степени Целзиусови.
Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски
Post Views: 114 Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен...
Промени во врвот на ВМРО: Ковачки станува партиски генерален секретар, Томовски е организациски секретар, Пецаков дел од ИК
Post Views: 123 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата, по одржаната седница на Централниот комитет на која, како што истакна, биле донесени клучни одлуки за понатамошно организациско зајакнување и модернизација на партијата.Мицкоски информираше дека за организационен секретар е именуван Ивица Томовски, додека Владимир Неловски продолжува да ја извршува функцијата шеф на кабинетот.Според него, новиот состав има за цел да обезбеди поефикасна, обединета и функционална партиска...