Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес времето променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 96 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.Денес во Охрид температурите од 9 до 22 степени Целзиусови.Под влијание на циклонска активност, од денес до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои...

Продолжи со читање

Close-up of a person's hand turning a chrome faucet handle in a modern bathroom setting.

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Сирма Војвода“.

Views: 127 Поради интервенција на водоводната мрежа , денес од 14:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Сирма Војвода“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со интервенцијата.

Продолжи со читање

Расте посетеноста на културно историските локалитети во Охрид

Views: 140 Расте бројот на посетители на културно-историските локалитети во Охрид. За разлика од минатото, кога најголем интерес имаше во летниот период, последните години посетеност има во текот на целата година. Најмногу влезници се продаваат за  Музејот на вода, Самуиловата тврдина и Куќата на Робевци.„Годинава изненадувачки имаме пораснат број на посетители и во Заливот на коските и во Самуиловата тврдина, но сè уште го немаме надминато оној рекорд кој беше претходната 2019 година. Ние не сакаме масовен туризам. Значи, онолку колку што имаме посетители, за нас е доволно. Имаме...

Продолжи со читање

Охридскиот аеродром годинава се очекува да ја заокружи со опслужување на 400 илјади патници

Views: 155 Охридскиот аеродром продолжува со значителен раст на патничкиот сообраќај. Во првите девет месеци од годинава, Аеродромот „Св. Апостол Павле“ опслужил 265.993 патници, што е зголемување од 26,76 отсто во споредба со истиот период лани. Бројот на летови е зголемен за 27,06 отсто, на вкупно 2.066.Растот на охридскиот аеродром е дел од зголемениот авио-сообраќај во земјава. Во истиот период, двата македонски аеродроми опслужиле повеќе од 3,3 милиони патници, што е годишен раст од 29 отсто.Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, Охридскиот аеродром...

Продолжи со читање

Недостиг на медицински кадар во Охридско-струшкиот регион

Views: 155 Недостигот на медицински кадар е сериозен предизвик за здравствените установи во Охридско-струшкиот регион. Недостигаат лекари, медицински сестри, инструментарки и друг стручен кадар, а проблемот дополнително се продлабочува со заминувањето на здравствените работници во пензија.Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека недостигот не е проблем само на една установа или регион, туку потребите мора да се гледаат како целина.„Ние мораме да бидеме свесни дека недостигот на лекари и медицински сестри не е македонски, не е европски, глобален е. Проблемот не исчезнува,...

Продолжи со читање

Охрид со свечена програма ќе го одбележи 11 Октомври – Денот на Народното востание

Views: 146 11 Октомври – Денот на Народното востание против фашистичкиот окупатор ќе биде одбележан утре во Охрид со повеќе настани, во организација на Општина Охрид и Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.Програмата започнува во 10 часот со културна манифестација во чест на Тоде Илиевски, во рамки на која ќе се одржи промоција на второто издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски, во издание на „Креативна Верига“. Промоцијата ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“.Централната свечена програма по повод јубилејот ќе започне во 11 часот пред Домот на културата во...

Продолжи со читање

Утре промоција на новото издание на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски

Views: 233 Утре, петок, со почеток во 10 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирано новото издание на книгата за деца „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски, во издание на Општина Охрид и „Креативна верига“.На промоцијата свои обраќања поврзани со животот и творештвото на Илиевски ќе имаат директорката на Библиотеката, Христина Трпеска, вишиот библиотекар Милчо Јованоски и Јордан Коцевски, претседател на Здружението „Креативна верига“.Тоде Илиевски (1952–2022) е македонски поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист,...

Продолжи со читање

Aкција за подигнување кабаст и зелен отпад во Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала

Views: 132 ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09.10.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ.10 и УЗ.6 : Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 09.10.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944, велат од претпријатието.

Продолжи со читање