Skip to main content

Автор: инфодеск

Продолжува хуманата мисија на охридските гимназијалци – „Подари компјутер”

Post Views: 196 Хуманата мисија на охридските гимназијалци продолжува.  И оваа година беа поправени и подарени компјутери на социјално ранливите категории – иницијатива на професорот по информатика Дарко Цветкоски во ОСУ „Свети Климент Охридски“. Охридските гимназијалци во текот на целата година собираа и поправаа компјутери и компјутерска опрема која на крај заврши во рацете на оние на кои им се најпотребни, а немаат услови да си го овозможат тоа.„Силата ни е во заедништвото”, вели проф. Дарко и додава дека оваа акција, која започна во 2022 година, ќе станува уште...

Продолжи со читање

Нашата сограѓанка Бојана ја загуби битката со тешката болест

Post Views: 267 За жал, нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска ја загуби битката со тешката болест. На Бојана и беше дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma, а охридската и македонската јавност заедно и сплотено организираа хуманитарни акции со цел да се соберат парични средства за нејзино лекување.Во нејзина чест, ја објавуваме пораката која таа ја објави кога дозна дека сите потребни парични средства се собрани:„Господ не дава на сите се’, туку на сите по нешто, за да можеме да си’ се најдеме. Како што вие ми се најдовте мене. Најголемата лична...

Продолжи со читање

Романија и Бугарија станаа членки на Шенген зоната по 13 години чекање

Post Views: 221 Тринаесет години по пристапувањето во ЕУ, Бугарија и Романија сега се полноправни членки на Шенген зоната на слободно движење. Контролите на копнените граници на овие две земји беа укинати на полноќ на новогодишната ноќ, откако ЕУ донесе ваква одлука на 12 декември на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Унијата во Будимпешта.За Бугарите и Романците, тоа значи дека сега можат да патуваат со автомобил во Франција, Шпанија или Норвешка без пасош. Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат лични документи, а возилата можат да...

Продолжи со читање

Масовно убиство во Цетиње: 12 жртви и најмалку 4 повредени

Post Views: 269 45-годишен маж со огнено оружје вчера уби 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца. Сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ. Убиствата биле извршени на пет локации низ градот, а потоа на шестата локација осомничениот извршил самоубиство. Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, но на пат кон Подгорица им подлгеднал на повредите.Полицијата претпоставува дека не се работи за кривично дело поврзано со организиран криминал, туку...

Продолжи со читање

Завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во Оровник

Post Views: 172 Од Општина Дебрца информираат дека завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во село Оровник.Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена локална облачност

Post Views: 174 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво со услови за појава на магла по котлините. Нови врнежи од...

Продолжи со читање

Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година

Post Views: 239 Драги пријатели,Нека ни е среќна Новата година!Да биде исполнета со многу здравје, љубов, среќа и успех. Да се потрудиме да поминуваме повеќе моменти со најсаканите и да градиме позитивни вредности.Во оваа прилика би сакале да Ви се заблагодариме за целокупната поддршка што ни ја давате, продолжете да не читате на tvm.mk и следете ги вестите во редовните термини во 17 и 22 часот на ТВМ ТелевизијА.Уште еднаш, нека ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година! Уживајте во празниците. За многу години!

Продолжи со читање

Пецаков: Се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”

Post Views: 175 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”.Набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства.-Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа што тие ја заслужуваат целата наша грижа, се додава во соопштението.

Продолжи со читање

Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари

Post Views: 323 За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.  Учебната година ќе заврши традиционално на 10 јуни.Оваа година нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен минатата година и траеше од 29 април до 6 мај 2024.

Продолжи со читање

Богата Новогодишната забава за дочек на 2025 година на Градскиот плоштад

Post Views: 411Вечерва на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.Утре, на 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Продолжи со читање

Многу смеа и позитивна енергија на вчерашното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“

Post Views: 186 Многу смеа и позитивна енергија донесе популарното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“ на извонредните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кое беше изведено вчеравечер на градскиот плоштад, во рамки на Новогодишната програма на Општина Охрид.Стендап дуото беше придружувано од Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас.

Продолжи со читање

82 години од првата изведба на нашата химна „Денес над Македонија“

Post Views: 416 Текстот на македонската химна е напишан од македонскиот автор Владо Малески во 1942 година, а за првпат била изведена во Струга.Постојат неколку верзии за „Денес над Македонија“.Според една од нив, првичната мелодија е под влијание на народната песна „Надежда болна легнала“, која настанала како адаптација на мелодија што потекнува од некој европски шлагер, за кој се верува дека е донесен на македонските простори за време на Првата светска војна. Според оваа верзија, Владо Малески ја научил песната „Надежда болна легнала“ од својата мајка. Според друго...

Продолжи со читање