Автор: инфодеск
Views: 300 Општина Дебрца ќе доделува директна финансиска помош за жителите по повеќе основи пред се за младите за склучување брак и за новороденче, за помош при штети од пожари и поплави, за лекување и за жители на општината во социјален ризик.Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош, објави градоначалникот Златко Сиљаноски.Па така Општината ќе доделува согласно можностите:100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;...
Светски ден на борба против ракот
Views: 248 По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови.Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови.-Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број на починати лица од малигни неоплазми на бронхии и бели дробови во 2024 година...
Одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
Views: 248 Денес се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Централното чествување по повод раѓањето на Делчев, традиционално се одржа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положија премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија.-Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот е...
Ги запознаваме ретките болести: Шварц–Џампелов синдром
Views: 224 ШВАРЦ–ЏАМПЕЛОВ СИНДРОМ/ХОНДРОДИСТРОФИЧНА МИОТОНИЈА/ SCHWARTZ–JAMPEL SYNDROME (SJS)/CHONDRODYSTROPHIC MYOTONIAMKБ-10 Q78.8, G71.1ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај помалку од 1/100 000 население (во литературата до денес се опишани 130 случаи).ВОВЕДШварц–Џампеловиот синдром (SJS) или хондродистрофична миотонија е ретка генетска болест предизвикана од мутација на генот на перлекан (HSPG2), што предизвикува остеохондродисплазија поврзана со миотонија. Тоа е генетски условен синдром кој ги вклучува мускулите и нервниот систем, и кој води до значителни физички и невролошки...
Света Заупокоена Литургија на Плаошник во спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј
Views: 205 Денес, во манастирот Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник беше отслужена Света Заупокоена Литургија по повод празникот Светиот апостол Тимотеј.-По Литургијата Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј отслужи трисагија на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
Во петок ЈП „Охридски комуналец“ ќе го подига отпадот од кантите за селекција
Views: 231 ЈП Охридски комуналец ќе врши подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на ден 06.02.2026 год.(петок).-Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 06.02.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција, информираа од јавното претпријатие.Се молат...
Светиот апостол Тимотеј
Views: 265 Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински...
УХМР: Следува период на променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Views: 192 Од УХМР информираат дека од денес следува период на променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.Во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 10 степени Целзиусови.









