Автор: инфодеск
Post Views: 281 Вчеравечер членовите на драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Димитар Ѓуроски, Ѕвездан Јончевски, Анастасиа Атесленко, Јана Каралиевска, Софија Милевска, Сара Петкоска, Јана Патчева и Ангелина Бошкоска, во НУ Центар за култура “Григор Прличев” ја изведоа комедијата „Инспекторот“. Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ.-Ги пофалуваме младите таленти и ги поттикнуваме сите заинтересирани ученици да се вклучат во прекрасната работа на драмскиот клуб, се вели во соопштението од ОСУ „Св Климент...
Денеска завршува „Охридска новогодишна приказна“
Post Views: 189 Денеска завршува програмата „Охридска новогодишна приказна“ организирана од Општина Охрид. Најмладите дечиња уживаа во детски претстави, новогодишни базари и музички настани организирани на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.Денес со почеток во 12:00 часот најмладите ќе уживаат во Новогодишен концерт на хорот „Ѓердан од бисери“, а во 12:30 ќе следи концертот „Охрид знае љубов што е“. Забавата продолжува во 14 часот со Новогодишно шоу со Дј АЦЕ.
Македонските карате репрезентативци на прием кај градоначалникот Пецаков
Post Views: 196 Градоначалникот Кирил Пецаков вчера ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од КБС ,,КУНСУТО”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во големите меѓународни карате сцени.На надежните млади спортисти градоначалникот им посака понатамошни успеси посочувајќи дека локалната власт во рамки на своите ингеренции ќе ги поддржува и следи нивните успеси.Охридските репрезентативци на Македонија, Анастасија Смилевска и Дамјан...
2024-та ја испраќаме со сончево време
Post Views: 190 Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Во Охрид температурите од -1 до 10 степени Целзиусови.До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.Фото: Ѓоко Симјаноски
Се асфалтираат пристапни патеки и краци од улици во Велгошти
Post Views: 241 Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици. Вкупната должина на асфалтирани краци изнесува 320 метри, информира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари. Активностите за асфалтирање продолжуваат после празничните денови.
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители од цела Македонија
Post Views: 234 Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.-Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра...
Охриѓанката Ениз Хилми доби награда за најдобра дебитантска книга за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“
Post Views: 459 Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“, на конкурсот што традиционално го распишува Издавачката куќа Темплум од Скопје, годинава ја доби охриѓанката Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“.Ениз Хилми е родена во Охрид, таму учела основно и средно образование. Студирала во Истанбул. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја земала ташната и дала отказ. Живее на релација Охрид-Берлин, виа Скопје.– Поттикот за пишување на овие „берлински раскази“ е поврзан со моите...
Денес на охридскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз, те сакам јас“
Post Views: 196 Денеска на градскиот плоштад со почеток во 12:30 часот ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз, те сакам јас “. Се работи за возбудлива новогодишна приказна која нуди забава, игра и едукативни пораки за најмладите. Во претставата играат: Мирјана Поповска Ристов, Радо Алексовски и Роберт Ристов.Вечерва со почеток во 18:00 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“.Утре, вторник 31.12.2024 година со почеток во 12 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на хорот „Ѓердан од бисери “. Во 12:30 часот ќе се одржи концертот „Охрид...
Денес хуманитарна акција: предновогодишна едукативно забавна прошетка со брод
Post Views: 182 Во овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месец на дарување, уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид. Во соработка со Општина Охрид, а со поддршка на Елена Лотеска Наумоска, сопственик на бродот Армада, Црвен крст Охрид ќе реализира предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод за преку 30 дечиња, охриѓанчиња, кои до сега немале можност да се возат со брод по Охридското Eзеро.–Бродот Армада со дечињата придружувани од своите родители, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, Дедо Мраз, туристички водич, тим на спасители на вода и медицински...
Советот на Општина Дебрца гo усвои Буџетот за 2025
Post Views: 179 На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2025 година.Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500,000 денари од кој 50.824,154 денари предвидени средства за...
Ни следува период на стабилно и суво време
Post Views: 175 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Поради повисоките температури на планините висината на снежната покривка постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од -3 до 9 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Упешно завршена хуманитарната акција на Црвен крст – „Волшебна елка“
Post Views: 170 Црвен крст Охрид со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, звонливите гласови на распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво „Ѓердан од бисери“ и дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од нивната традиционална хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во комплексот KAM Village.Пред бројните посетители настапи и музичкиот бенд на Црвен крст Охрид „HUMANE-ХУМАН“.Преку оваа хуманитарна акција нашите хумани сограѓани имаа можност да ги исполнат новогодишните желби на повеќе од 50...