Skip to main content

Автор: инфодеск

Во вторник роденденска „Импровокација“

Views: 307 Култното шоу „Импровокација“ наредниот вторник слави 10 години.-Во вторник, 10-ти февруари 2026 година, Ве каниме на јубилејно роденденско издание заедно да го прославиме нашиот 10–ти роденден на нашата матична сцена во Народен Театар Охрид, велат организаторите.Шоуто започнува во 20 часот, а карти може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.

Продолжи со читање

Филмот „Приказната за Силјан“ премиерно во Охрид на 11 февруари

Views: 308 Приказната за Силјан е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic, а премиерно во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажан во среда 11.02.2026 година, со почеток во 20.00 часот.Во филмот се говори за земјоделецот Николa кој притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги...

Продолжи со читање

ЈП Градски пазар

ЈП „Градски пазар“ – Охрид издава под закуп деловен простор

Views: 210 ЈП Градски пазар – Охрид издава под закуп објекти-деловен простор за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач согласно Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во Општинска сопственост.Право на учество на огласот имаат сите заинтересирани домашни физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавениот оглас.Целиот оглас прочитајте го ТУКА.Објавата почнува од 04.02.2026 до 20.02.2026 година. Понудите се доставуваат најдоцна до 20.02.2026 до 12...

Продолжи со читање

Полицијата пронашла дрога и оружје во возило во Струга, уапсено едно лице

Views: 248 На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 37 годишно лице од струшкото село Велешта.-При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер” со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал,  полициските службеници, пронајдоа отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети. Пронајденото е одземено и по целосно документирање на настанот...

Продолжи со читање

Белчишко блато

Започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природата

Views: 222 Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природата.Во постапката поврзани со изработка на предлог Законот, велат, се предвидени следните активности:Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија (http: //www.ener.gov.mk/).Рокот за јавни консултации со засегнатите...

Продолжи со читање

Прличеви беседи 2026

Views: 271 Богата програма за годинашната традиционална манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.Чествувањата започнуваат во четврток, 6 февруари во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, поставена во изложбениот салон. Централната свеченост ќе се одржи во 12:00 часот во малата сала на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.Свечената програма вклучува настап на хорот при НУЦК „Григор Прличев“, обраќања на претставници од Центарот за култура и...

Продолжи со читање

ЕУ го одложи стартот на EES до септември 2026

Views: 245 Целосната имплементација на системот за влез и излез (EES) на Европската Унија е официјално одложена од април за септември 2026 година. Европската комисија ја донесе оваа одлука по стравувањата дека воведувањето на новиот систем за време на летната туристичка сезона ќе предизвика сериозен метеж на границите.Иако овој систем почна постепено да се применува во октомври 2025 година, искуствата од аеродромите и пристаништата веќе покажаа сериозни недостатоци. Патниците се соочуваа со долги редици и пропуштени летови поради обврската за оставање биометриски податоци, што...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Синдром Охтахара 

Views: 218 СИНДРОМ ОХТАХАРА/OHTAHARA SYNDROME/EARLY INFANTILE DEVELOPMENT & EPILEPTIC ENCEPHALOPATHY (EIDEE)MKБ-10 G40.3ПРЕВАЛЕНЦА – непозната.ИНЦИДЕНЦА – синдромот Охтахара е забележан кај приближно 1/50 000 раѓања во Велика Британија до 1/100 000 живородени деца во Јапонија.ВОВЕДСиндромот Охтахара е ретка форма на епилепсија која се карактеризира со напади и доцнење во развојот кои обично се случуваат во првите три месеци од животот, но некои се појавуваат во првите неколку недели по раѓањето (најчесто во првите 10 дена). Некои случаи се предизвикани од мозочна...

Продолжи со читање