Автор: инфодеск
Views: 242 Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на двете природи. На...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 205 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.Денес во Охрид минималните температури од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.
Дизелот повторно поскапува
Views: 271 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година.Од 3.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1...
Општина Струга се откажува од луксузот: службеното „Ауди А6“ на јавна аукција
Views: 263 Општина Струга ја започна постапката за продажба на службеното возило „Ауди А6“, при што почетната цена ќе ја утврди комисија за проценка. Одлуката е дел од мерките за намалување на трошоците на градоначалникот и општинската администрација.Градоначалникот Менди Ќура информира дека во текот на целиот мандат ќе користи сопствено приватно возило и дека Општината нема да набавува службен автомобил за таа намена. По проценката, возилото ќе биде понудено на јавна и транспарентна аукција.Наместо луксузно возило, Општина Струга планира набавка на функционално комбе за потребите...
Во четврток ќе се одржат „Прличевите беседи“
Views: 190 Во четврток, на 5 февруари 2026 година, во Охрид ќе се одржат „Прличевите беседи“, традиционална културна манифестација посветена на ликот и делото на Григор Прличев.Програмата започнува во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, поставена во изложбениот салон. Централната свеченост ќе се одржи во 12:00 часот во малата сала на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.Свечената програма вклучува настап на хорот при НУЦК „Григор Прличев“, обраќања на претставници од Центарот за култура и Општина Охрид, претставување и...
Марта Пејоска – дел од генерацијата која го „оживеа” филигранот
Views: 225 Во срцето на стариот дел на Охрид, меѓу камените улички, се наоѓа ателјето на Марта Пејоска. Катче, каде се создава накит кој е продолжение на една традиција што со векови била белег на градот. Таа е дел од генерацијата филигранисти – возобновувачи.Дипломиран архитект, дизајнер на накит и современ филигранист, кој умешно го спојува современото со автентичното.„Во 2005 година, преку проект за ревитализација на стари занаети во Скопје, го научив филигранскиот занает, во време кога тој беше на раб на изумирање. Речиси никој не сакаше да го работи. Иако дипломирав...
Проекти од национален интерес кои ќе се реализираат во Охрид или ќе го промовираат градот со финансиска поддршка од Министерството за култура
Views: 265 Министерството за култура и туризам на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година.Средства ќе добијат и охридски здруженија и поединци, но и здруженија од други градови кои аплицирале со проекти кои ќе се реализираат во Охрид или ќе го промовираат градот и неговото културно наследство во земјава и странство .Музичка и музичко-сценска дејност:– ЦИКЛУС КОНЦЕРТИ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ – Битола, Охрид, Скопје 2026–...
Ги запознаваме ретките болести: Малиген меланом на слузницата
Views: 241 МАЛИГЕН МЕЛАНОМ НА СЛУЗНИЦАТА/ MUCOSA MELANOMA MALIGNANTMKБ-10 C43.0ПРЕВАЛЕНЦАМалигниот меланом на слузницата е забележан кај 1–2 % од сите случаи на малигни меланоми.ВОВЕДМеланомот е рак кој се развива во меланоцитите, клетки кои произведуваат меланин, пигмент кој произведува боја во очите, кожата и косата. Иако меланомот обично расте на кожата, тој може да расте и во мукозните мембрани. Околу половина од мукозните меланоми започнуваат во усната шуплина, носната празнина, синусите и хранопроводникот. Можaт да се појават и во долниот дел на дебелото црево,...









