Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Post Views: 169 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Облачноста од пладневните часови ќе се зголеми од исток и на североистокот кон крајот на денот ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.Од утре следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во...

Продолжи со читање

Избрани новите членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид

Post Views: 275 Синоќа на општинска Конференција се избраа членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид.Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн истакна дека со новиот ИО и НО ќе и дадат на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел, посочувајќи дека тоа е нешто што никогаш не треба да го изгубат.„Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за справување со проблемите. Ние сите мора да ги имаме вистинските идеи за да ги смениме тие работи кои се рак рана на партијата...

Продолжи со читање

Фатен крадец во продажен објект на булеварот „Железничка“

Post Views: 167 На 25-ти декември 2024 година, во 16:30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46 годишно лице од Охрид, кое претходно било затекнато при кражба на помошен работен алат и прибор.– Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Општина Охрид работи на економско јакнење на жената

Post Views: 215 Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Истражувањата покажуваат дека жените  ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини. Општина Охрид прва во регионот ја подготви и усвои Стратегијата за развој на женско прептриемништво, што подразбира вклучување и финансиска поддршка на жената во бизнис секторот. Подготвен е и акционен план со конкретни  мерки и активности за...

Продолжи со читање

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” ќе поделат новогодишни пакетчиња за дечиња од социјален ризик

Post Views: 293 Со цел да се разбуди хуманоста во овој празничен период, под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!”, психологот на училиштето РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид, Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.– За успешна реализација на настанот придонесе и активното вклучување на стручните наставници: Војо Ангелоски, Елена Спировска и Катерина Џамбазовски, кои заедно со учениците приготвија домашни деликатеси и топли напитоци, а присутните имаа можност да посведочат за прекрасниот вкус на...

Продолжи со читање

Охриѓани се многу загрижени за влијанието на депониите врз нивното здравје и врз животната средина

Post Views: 188 Групацијата Збогум Буково ги објави резултатите од истражување на јавното мислење на охриѓани во однос на управувањето со отпадот и депониите, кое го спроведе преку електронска анкета во текот на изминатиов месец.Резултатите од истражувањето укажуваат дека охриѓани се многу загрижени за ефектите од дивите депонии, вклучително Буково и Мауцкер. На прашањето „Колку сте загрижени за долгорочните ефекти на дивите депонии врз животната средина и јавното здравје?“ – 95 проценти од граѓаните одговориле дека се многу загрижени.На прашањето „Кои се главните...

Продолжи со читање

Македонија добива нов ски-центар Михајлово

Post Views: 437 Се вршат последните подготовки пред официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“ кое ќе се одржи на 1-ви јануари 2025 година. Од општината Кавадарци велат дека овој проект ѝ донесува на Македонија современ скијачки центар, сместен во срцето на Кожуф планина.Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сеуште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои...

Продолжи со читање

Oблачно со температура до 5 степени

Post Views: 171 Во Охрид времето денес претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 5 степени.Во македонија денеска времето ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер (над 60 кkm/h). Од сабота...

Продолжи со читање

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод католички Божиќ

Post Views: 162 Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.Почитувани сограѓани од католичка вероисповед,Со најискрени желби за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ.Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе Божјите милости во вашите домови и срца. Божиќ е светлина која го осветлува...

Продолжи со читање

Следната година ќе се вработат 300 нови војници, ќе се реконструираат одмаралиштата во Дојран и Свети Наум

Post Views: 255 Армијата на Северна Македонија следната година ќе прими 300 нови професионални војници, 60 граѓани со цивилни факултети, но и нови кадети, најави вчера министерот за одбрана, Владо Мисајловски на завршната конференција за 2024 година, на која се зборуваше за главните предизвици и достигнувања на Министерството за одбрана.Министерот Мисајловски потврди дека со издвојувањето на 2% од државниот буџет за одбраната, Македонија останува усогласена со обврските од НАТО членството. Истовремено, 14 милиони евра се исплатени за подобрување на условите за војниците,...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи 51. седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 173 Денес со почеток во 9 часот советниците ќе ја одржат 51. седница на Општина Охрид.За дневен ред предложен е следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 49-та седница и Записникот од 50-та седницаПредлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП  „Водовод“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за...

Продолжи со читање

Денес граѓаните го слават католички Божик, раѓањето Христово

Post Views: 521 Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар.Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел од...

Продолжи со читање