Skip to main content

Автор: инфодеск

Охридските бреинобреин генијалци со врвни резултати на светски онлајн натпревар: освоени 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали

Views: 207 Од Црвен крст Охрид информираат дека на 16-от Интернационален Онлајн Бреинобреин-абакус натпревар кој се одржа на 24 јануари 2026, охридските Бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали.-И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите. Овој успех претставува потврда дека одиме по вистинскиот пат со...

Продолжи со читање

Еврото стана единствено законско платежно средство во Бугарија

Views: 222 Од вчера, 1 февруари, еврото официјално стапува на сила како единствено законско средство за плаќање во Бугарија.Согласно законските одредби за пристапување кон еврозоната, цените на сите производи и услуги ќе бидат означени паралелно во двете валути до 8 август 2026 година. Оваа мерка има за цел да гарантира целосна транспарентност на пазарот и да го спречи секој обид за можни злоупотреби или манипулации, според информациите од бугарските медиуми.Граѓаните на Бугарија кои и понатаму поседуваат левови можат бесплатно да ги заменат во банките и во „Бугарски пошти“ до 30...

Продолжи со читање

Самоиловата тврдина светна во боите на ретките

Views: 226 Во рамките на активностите за подигнување на свеста за ретките болести, Самоиловата тврдина во Охрид синоќа беше осветлена во препознатливите бои на реткоста. Овој визуелно моќен чин е порака на поддршка за сите пациенти и семејства кои секојдневно се соочуваат со специфични здравствени предизвици.Претседателката на здружението „Ретко е да си редок”, Гордана Лолеска, која со години е на првата линија во борбата за правата на овие лица, упати емотивна порака:„Самоиловата тврдина е симбол на пркосот и истрајноста, исто како што е и секој пациент со ретка...

Продолжи со читање

Охрид се сеќава на д-р Елена Етингер Каваева

Views: 205 Денес се навршуваат 43 години од смртта на д-р Елена Етингер Каваева, личност која оставила длабоки траги во колективната меморија на охриѓани.Д-р Каваева, заедно со сопругот, д-р Владимир Кавај, се основоположници на Македонскиот здравствен систем. Нејзиното име во Охрид се’ уште е метафора за чистота и лична хигиена. Целиот нејзин живот бил поврзан со силна посветеност кон медицината, со многу спасени животи, многу излечени деца во првиот детски диспанзер, но и со искоренувањето на маларијата во Охрид, Струга, цела Македонија, но и во Албанија.Родена во 1903 година...

Продолжи со читање

Ефтимиј Велики

Преподобен Ефтимиј Велики

Views: 203 Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремен локален дожд

Views: 204 Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Во Охрид денес температурите од 1 до 6 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец.

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести: Вроден дефицит на фактор XIII

Views: 213 ПРЕВАЛЕНЦАВродениот дефицит на фактор XIII е многу ретко заболување со проценета преваленца 1/2 000 000 население.ВОВЕДВродениот дефицит на фактор XIII, познат и како недостаток на фибрин-стабилизирачки фактор е ретко наследно нарушување на коагулацијата на крвта кое подеднакво се јавува и кај двата пола. Фактор XIII е клучен ензим во процесот на згрутчување на крвта бидејќи ја стабилизира и зајакнува формираната фибринска мрежа во завршната фаза на хемостазата. Недостатокот на фактор XIII е различен од другите нарушувања на коагулацијата по тоа што иако...

Продолжи со читање

Од денеска ќе се казнуваат прекршоците детектирани од камерите на „Безбеден град“

Views: 322 Од денеска во Скопје, Куманово, Тетово и на автопатските коридори 8 и 10 започнува казнувањето со електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. Системот ќе ги следи и казнува најчестите прекршоци, а граѓаните ќе ги добиваат известувањата преку СМС и електронска пошта.Во гостувањето во Дневникот на МТВ, Тошковски информираше дека од вчера е применлив нов Правилник со кој се зголемува прагот на толеранција за возачите, како одговор на бројните реакции од јавноста забележани во почетната фаза од имплементацијата на системот. Новите измени, како што истакна...

Продолжи со читање