Skip to main content

Автор: инфодеск

Во недела предновогодишна Импровокација

Post Views: 302 Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи во недела, 29 декември со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.-За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, додаваат организаторите.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

Продолжи со читање

Масовни и мирни протести во Србија, 100.000 луѓе молчеа 15 минути во чест на петнаесетмината загинати во несреќата во Нови Сад

Post Views: 258 100 000 луѓе вчера се собраа на повик на студентите од белградските факултети да побараат исполнување на барањата да се дознаат деталите за несреќата во Нови Сад каде во падот на натстрешница во Нови Сад на почетокот на ноември загинаа 15 лица. Градежниот факултет во Белград неодамна ја анализираше достапната документација објавена од властите и тврди дека недостасуваат клучни ставки. На протестот одржан на белградскиот плоштад „Славија“ им се придружија земјоделци, медицински работници, актери, уметници и жители на Белград и околните градови. Ова е најголемиот...

Продолжи со читање

РЦСОО „Ванчо Питошески“ организира хуманитарен предновогодишен музички настан

Post Views: 238 Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид организира предновогодишен музички настан за сите ученици и нивните семејства, како и за наставниците. Настанот од хуманитарен карактер ќе се одржи на 24.12.2024 година (вторник) со почеток во 12:00 ч. во рамки на училишниот двор.-Целта на овој настан е да ја разбудиме хуманоста во овој празничен период и заеднички да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно. На настанот ќе биде поставен штанд со храна и пијалаци каде ќе имате можност да донирате. Собраните средства ќе бидат наменети за...

Продолжи со читање

И оваа година традиционално се накити подводната елка во Охрид

Post Views: 210 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и годинава традиционално  ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.Фото: Facebook – Diving Center Amfora

Продолжи со читање

Денес Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Петар Чаулев

Post Views: 212 Денес во куќата на Христо Узунов во 15 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод јубилејот 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев.Предвидено е обраќање на претставник од локална самоуправа како и изведба на театарска претстава „Последниот лет на Чаулев“ авторско дело на Михаил Патчев, професор по историја. Претставaта ќе ја изведат ученици од охридската гимназија. Петар Чаулев е еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител  на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета...

Продолжи со читање

Облачно и студено со врнежи од дожд и снег

Post Views: 187 Облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер.Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и...

Продолжи со читање

Заедничка активност на Црвен крст и СВР Охрид: Превенција од користење на пиротехнички средства

Post Views: 216 Црвен крст Охрид во соработката со СВР Охрид-Одделението, вчера одржаа заедничка активност за превенција на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства. Тимот за прва помош од Црвен крст Охрид, составен од парамедици и обучени волонтери за прва помош вчера изведоа симулациска вежба за ризиците од користење на пиротехнички средства-Во меѓувреме, на случајни минувачи беа поделени едукативни материјали за опасностите од користење петарди и други пиротехнички средства со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се казнува од...

Продолжи со читање

Сончево и студено

Post Views: 215 Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.реодно стабилизирање на времето ќе има утре и потоа преку ноќта. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд. Особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка, а снег ќе...

Продолжи со читање

Денес показна вежба на градскиот плоштад – Петардите не се играчка

Post Views: 273 Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид-Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.Предвидено е денес на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ од 12 часот, припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид да делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се...

Продолжи со читање

МВР: Од 1-ви јануари задолжително регистарски таблички со ознака или налепница НМК

Post Views: 382 Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31-ви декември 2024 година.– Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31-ви...

Продолжи со читање

Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба

Post Views: 347 Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организра Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод со новопланирана трафостаница ТС 10(20)/0,4kV на дел од КП 745/2 во КО Охрид 4 ,Општина Охрид, со тех. бр. Е – 150/ 23-уп oод март 2024 год. изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид.Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за линиска...

Продолжи со читање

Поделени новогодишни паќетчиња за најмладите

Post Views: 211 Општина Охрид и Здржението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА спроведоа голема донаторска акција во Охрид во која беа поделени околу 3000 новогодишни пакетчина за најмладите.Традиционално беше посетена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, каде што со подароци беа израдувани дечињата кои се згрижени на лекување или третман.Новогодишни пакетчиња беа поделени и на дечињата од градинките во населбата Радојца Новичиќ, Лескоец, Велгошти и Пештани. Централната хуманитарна...

Продолжи со читање