Автор: инфодеск
Views: 193 Извештајот за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро е официјално доставен до УНЕСКО, информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Според неговата изјава, одлуката дали Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност се очекува во јуни, на следната сесија на УНЕСКО што ќе се одржи во Јужна Кореја. Министерот нагласи дека институциите мора да бидат подготвени за сите можни сценарија.Љутков посочи дека актуелната состојба со Охрид и Охридското Езеро е резултат на процеси што траат повеќе од три децении....
АХВ го одзеде кучето по видеото на кое дете го малтретира, сопственикот ќе биде казнет
Views: 244 Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое, како што се гледа од видеото, измачува куче.– Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше. Со спроведениот надзор утврдено е дека кучето не е...
Започнува осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”
Views: 211 За еден милион и осумстотини илјади денари е намален буџетот за програмата за ретки болести. Семејствата на пациентите стравуваат дека ваквото кратење може да значи ризик од недостиг на терапија, особено за оние кои целосно зависат од редовно и континуирано лекување. Во вакви услови започнува осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, која повторно ја отвора темата за потребата од итни и одржливи решенија за најранливите пациенти.Загриженоста доаѓа во период кога расте бројот на новодијагностицирани пациенти со ретки и ултра ретки...
Отворен конкурс за обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица во Охрид и Дебрца
Views: 296 Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.Со цел унапредување и развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица преку ангажирање на стручен и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, ќе се реализира во простории на Црвен...
Венецуела го приватизира нафтениот сектор по децении државна контрола
Views: 234 Националното собрание на Венецуела вчера ја одобри приватизацијата на нафтениот сектор, со што се напушта моделот на строга државна контрола воспоставен пред повеќе од две децении. Законот, потпишан од в.д. претседателката Делси Родригез, треба да овозможи странски инвестиции и приватните компании да добијат контрола врз производството и продажбата на нафта, како и независна арбитража на споровите.Реформата следува по соборувањето и заробувањето на поранешниот претседател Николас Мадуро во американска воена интервенција, по што американскиот претседател Доналд Трамп повика...
Утре во Охрид стручен медицински настан „Аутизам од дијагноза до достоинство“
Views: 257 Утре во Охрид ќе се одржи стручен медицински, акредитиран настан за доктори на медицина, посветен на аутизмот-од дијагноза до поддршка за достоинствен живот.Истиот е насловен „Аутизам од дијагноза до достоинство“ и ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Пеличев“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот.Свои излагања ќе имаат еминентни предавачи: проф. д-р Филип Дума – детска неврологија, Амела Мемиш Апостоловска – психолог и клинички психотерапевт, Магдалена Чакар- Маркулеска – психијатар, Александар Сабрас- Апостолова – дефектолог, која ќе биде и модератор на настанот и Леон...
Известување за продолжување на Решението за категоризација на приватните сместувачки капацитети
Views: 277 Физичките лица кои вршат угостителски услуги од мал обем за сместување во куќи, апартмани, соби и станови за одмор, а се регистрирани во регистарот што го води Градоначалникот на Општина Охрид, согласно Законот за угостителска дејност, се должни да го продолжуваат Решението за категоризација на секои три години, во рамки на неговата важност.За таа цел, приватните станоиздавачи потребно е да поднесат Барање за продолжување на решението за категоризација во просториите на Одделението за туризам – Сектор ТЛЕР при Општина Охрид.Доколку не се почитува пропишаната законска...
Денес е Преподобен Антониј Велики
Views: 199 Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со...









