Автор: инфодеск
Post Views: 186 Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид-Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.Предвидено е утре на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ од 12 часот, припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид да делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се...
Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“
Post Views: 303 Во пресрет на празниците, учениците од ООМУ „Методи Патче“ традиционално и годинава ќе одржат новогодишен концерт.Учениците под менторство на своите професори ќе музицираат на тема „Вечер на валцер и танго”.Новогодишниот концерт ќе се одржи на 26-ти декември (четврток) во дијамантската сала на хотелот „Инекс“ со почеток во 19:00 часот.
Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Патар Чаулев
Post Views: 275 Охрид ќе одбележи стогодишнина од смртта на Петар Чаулев. Еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета за еден од позначајните ликови во долгогодишната борба за ослободување на македонскиот народ.Бил на чело на охридското востание и еден од потписниците на Мајскиот манифест на ВМРО, со кој се обединуваат сите револуционерни сили на македонското ослободително дело во единствен фронт.-Петар Чаулев...
Одлука за оцена за планскиот документ со намена Г2.1 на дел од КП 821/1 КО Косел
Post Views: 234 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на ден 25.11.2024 година, донесе Одлука за оцена за планскиот документ со намена Г2.1 на дел од КП 821/1 КО Косел. Повеќе информации на линкот.
Национален Парк Галичица организира Новогодишна работилница за деца
Post Views: 267 НП Галичица нареден петок 27.12.2024 во Инфо Центарот на Национален Парк Галичица организира Новогодишна работилница за деца, чија главна тема ќе биде изработката на новогодишни украси од природни материјали.-Ова е повеќе од само работилница – ова е авантура која ги учи децата за природата, ги инспирира со креативност и ги обединува со другарчиња во празнично расположение, а во сето тоа ќе ни помогне нашата драга Симона Ангелоска @hurricane_full_of_joy, велат од установата.Работилницата е наменета за деца од 7 до 10 годишна возраст, а сите...
Претпладне променливо облачно, попладне дожд
Post Views: 171 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе...
„Пакетчиња за сите дечиња“ по петти пат ќе ги стопли срцата на најмладите
Post Views: 317 Хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“ по петти јубилеен пат ќе ги стопли срцата на најмладите во регионот.Популарниот Wik Kakarotski, кој е иницијатор на целата акција, задно со неговата екипа, и годинава сакаат да усреќат што повеќе дечиња, пред се’ од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид, за и тие да можат да ја почувствуваат празничата магија и радост.Илјадници пакетчиња ќе бидат поделени во Охрид, но и на дечињата од околните градови Битола, Ресен, Кичево, Струга, Дебрца Македонски Брод…. и во руралните места каде...
Дивоградбите во Охрид сè уште чекаат уривање
Post Views: 293 Нелегалните градби впишани во Регистарот на дивоградби во Охрид се уште чекаат отстранување. Единствениот објект кој е срушен засега е една бетонската база. Наместо да се намалува, бројот на дивоградби расте, а тоа го стимулира Законот за легализација.Општината има буџет за уривање на дивоизградени објекти, како една од клучните препораки на Унеско, но нема фирма која би постапила.„Ние ги завршуваме постапките во одделнието за инспекциски надзор ги поднесуваме соодветните кривични пријави правиме решенија за орстранување и застануваме тука, затоа што...
Свикана 51. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 226 Свикана е 51. седница на Советот на Општина Охрид за 25.12.2024 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.За дневен ред предложен е следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 49-та седница и Записникот од 50-та седницаПредлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2025 година.Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2025 година....
Богата забавна програма за новогодишните празници во Охрид, за најлудата ноќ ќе уживаме во настапот на Каролина Гочева
Post Views: 280 Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската...
Зимски Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2024“ во Струга
Post Views: 375 Наредната сабота, 28 декември, Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5....
Во вторникот се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на Музичкото училиште од Струга
Post Views: 325 Во вторникот, во прекрасниот амбиент и преисполнетиот со публика простор на Хотелот Дрим се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на кој настапи камерниот оркестар на Државно музичко училиште од Струга под диригентската палка на инспиративниот маестро Алтин Зиба, и солистите: Марија Дузлеска на флејта од класата на проф. Светлана Богдановска – Ристевски, Емилија Лушеска на виолина од класта на проф. Милена Крстевска, Христо Дејкоски на виолина од класата на проф. Тони Арслан, Андреј Наумоски на виолина од класата на проф. Милена Крстевска и Лина Николоска на...