Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанецот Антонио Додевски е реизбран за претседател на Националниот Сојуз за Планинско Спасување

Post Views: 336 На вчерашното редовно изборно собрание на Националниот Сојуз за Планинско Спасување заа претседател повторно беше избран Антонио Додевски, а за Генерален секретар беше избран Др. Александар Манолев. Управниот одбор, покрај претседателот и генералниот секретар, ќе го сочинуваат и членовите Костантин Циривири, Мартин Пејоски и Александар Дончев, кои имаат долгогодишно искуство во изведување на спасувачки операции, како и во едукација на алпинисти и спасувачи. Во составот на Управниот одбор ќе членуваат и два советодавни членови: пилотот Виктор Бојковски, одговорен...

Продолжи со читање

Ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија за Тоше Проески

Post Views: 258 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков објави дека во следните две години, ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на Тоше Проески. –Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење, додава министерот во своето соопштение.Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот...

Продолжи со читање

Нов успех на гимназијалците, освоени две втори места во кошарка

Post Views: 188 На зонските натпревари во кошарка кои се одржаа вчера во Охрид екипите од охридската гимназија го освоија второто место и во машка и во женска конкуренција.Девојките играа против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга во финалето кое заврши со резултат 32:42, а момците кои исто така одиграа финале против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга, завршија со резултат 58:64, информираат од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид.

Продолжи со читање

Утре промена на работното време на библиотеката

Post Views: 215 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека во петок 20 декември одделот за зајмување во Библиотеката, поради неопходни промени во системот ќе работи од 8.30 до 14 часот.

Продолжи со читање

Денес се празнува Свети Никола Чудотворец

Post Views: 191 Денеска православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во народното паметење овој лик  останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Кај...

Продолжи со читање

Денес сончево, од утре врнежи од дожд

Post Views: 172 Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се...

Продолжи со читање

Од 1 јануари бесплатен јавен превоз во Белград

Post Views: 296 Од 1 јануари следната година јавниот градски превоз во Белград ќе биде бесплатен и веќе никој нема да мора да плаќа билет, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Александар Шапиќ.„Нема веќе да има ниту месечни, ниту годишни карти, ниту попусти, туку градот Белград со оваа социјална мерка станува единствениот град во Европа, поголем од 500.000 жители, кој има бесплатен јавен превоз. Има примери, како Талин, кој има 450.000 жители, а некои и во Франција, но тоа се се’ помали градови со по 200-300 илјади жители“, изјави Шапиќ.Тој посочи...

Продолжи со читање

Поставени новогодишни декоративни реквизити на градскиот плоштад

Post Views: 209 Во рамки на новогодишното украсување на градот, со цел да се збогати претпразничната атмосфера, денеска во зелениот дел на градскиот плоштад во Охрид, беа поставени декоративни новогодишни реквизити.Се работи за новогодишни макети на снешковци, гномови-дедо мраз и санка со елени во поголема димензија, кои се изработени од Зорица Азеска Спасеска, дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вработена во ООУ„Ванчо Николески“-Лескоец како наставник по ликовно образование.

Продолжи со читање

Нов трансформатор во ТС Битола, се очекува да се зголеми стабилноста на енергетската мрежа и во охридскиот регион

Post Views: 295 Нов 400/110 kV трансформатор пристигна во Трансформаторската Станица (ТС) Битола 2. -Тоа претставува клучен чекор кон обновување на стабилноста на електроенергетската мрежа во Југозападна Македонија. Ова е значајна пресвртница во напорите на државата за справување со предизвиците во преносниот систем и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија во еден од најважните региони во земјата, информираат од МЕПСО.-По дефектот на двата 400/110 kV трансформатори во ТС Битола 2, кои се случија во јануари 2024 односно јули 2024, новиот менаџмент на...

Продолжи со читање

„Новогодишен сон“ на Црвен Крст Охрид ги собра децата на плоштад со хумана цел

Post Views: 222 Музика, игра и насмеани детски лица. Ваква беше атмосферата денеска на пладне на плоштадот Крушевска република во Охрид. Голем број граѓани со своите деца го посетија хуманитарниот настан „Новогодишен сон“ кој го организира Црвен Крст Охрид во соработка со општината.„Последниот месец од оваа година, месец декември или како што ние го нарекуваме месец на дарување, Црвен крст Охрид секоја година организира новогодишен базар којшто оваа година го организираме со локалната самоуправа се со цел да ја поттикнеме креативноста, солидарноста, хуманоста кај...

Продолжи со читање

Охрид полека го стигнува Скопје по загаденост на воздухот

Post Views: 304 Аерозагадувањето на брегот на Охридското Езеро урива рекорди. Со стартот на грејната сезона мерните станици секојдневно покажуваат енормно загадување . Сотојбата е алармантна особено во вечерните часови, синоќа е регистрирано присуство на штетните ПМ 10 честички во вредност од 270 мг на метар кубен. Еколозите велат итно се потребни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.„Загрижувачки се состојбите во зимскиот период кога од различниoт воздушен притисок немаме циркулација, а од север од Буково имаме носење загаден воздух, чад, смог кој што се...

Продолжи со читање

Приведен 17 годишен криумчар од Виница, пронајдени девет мигранти од Непал

Post Views: 312 На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница. При преглед во возило „фолксваген кеди”, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на...

Продолжи со читање