Skip to main content

Автор: инфодеск

Следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд

Views: 228 Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец.Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 9 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.

Продолжи со читање

Свеќи

Поклонение на чесните вериги на апостол Петар

Views: 212 Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на...

Продолжи со читање

Над 35 илјади водни птици попишани за време на зимското пребројување на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Views: 250 Над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици беа попишани за време на зимското пребројување птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД) се реализира секој јануари од 2010 година, како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици.–Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското Езеро се бележат флуктуации, додека промените на Охридското Езеро се најдинамични. Причините за овие промени ќе се утврдуваат откако ќе се...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи јавна панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“

Views: 195 Утре (29.1.2026 – четврток) во организација на Младински центар Охрид ќе се одржи јавна панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“ – настан посветен на надежта, солидарноста и човечноста.Настанот ќе се одржи во Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид со почеток во 17 часот.На панел дискусијата учество ќе земат врвни лекари, трансплантациски експерти, координатори за трансплантација и претставници од МПЦ и ИВЗ.-Ќе зборуваме за законот и правата, за медицинските факти и дилеми, ќе ги слушнеме животните приказни на...

Продолжи со читање

ЈП Охридски Комуналец: Започнуваат месечните акции за собирање текстилен отпад во Охрид

Views: 266 Од ЈП Охридски Комуналец инфромираат дека започнуваат месечните акции за собирање текстилен отпад, а ќе се спроведуваат секој последен петок од месецот.-Овој петок ќе имате можност уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени на подолу споделените локации, се вели во нивното соопштение.Од таму информираат дека одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време и додаваат дека не се одлагаат стари обувки, чанти, итн.Инаку, првиот контејнер за одлагање на текстилен отпад во...

Продолжи со читање

Денеска протест на ССМ: Се бара минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за сто евра

Views: 194 Сојузот на синдикатите на Македонија денес организира масовен протест барајќи минимална плата од 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.Претседателот на ССМ Слободан  Трендафилов вчера на прес-конференција рече дека протестот се организира поради ингнорантскиот однос на Владата и работодавачите кои не ги зголемија...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните Универзитети во Република Македонија и на државни Универзитети во други земји за академската 2025/2026 година кои живеат во потешки социјални услови

Views: 180 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид, Градоначалникот на општина Oхрид објавува Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните Универзитети во Република Македонија и на државни Универзитети во други земји за академската 2025/2026 година кои живеат во потешки социјални услови.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“

Views: 195 Од Црвен крст Охрид информираат дека започнуваат со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за...

Продолжи со читање