Skip to main content

Автор: инфодеск

Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов во Москва

Post Views: 252 Шефот на единицата за биолошко и хемиско оружје на руската војска, генерал-полковник Игор Кирилов, е убиен заедно со неговиот заменик рано во вторникот во експлозија во Москва. Украински безбедносни извори изјавија дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) го убила Кирилов во специјална операција.Како што пренесоа утрово светските медиуми, цитирајќи го соопштението од Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност, приведен е 29 годишен маж кој изјавил дека бил регрутиран од украинските специјални служби, а му била „гарантирана“...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи хуманитарниот предновогодишен настан „Новогодишен сон“

Post Views: 276 Одбележувајќи го месецот на дарување, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира хуманитарен предновогодишен настан „Новогодишен сон“. Целта на овој настан е да се поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои ќе бидат истакнати за продажба. Со секој купен производ ќе бидат извлекувани награди.Во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните...

Продолжи со читање

Гимназијалките го освоија првото место во футсал

Post Views: 288 На вчерашниот зонски натпревар во футсал кој се одржа во СОУ “Нико Нестор”- Струга ученичките од ОСУ “Св. Климент Охридски” го освоија првото место со резултат 1:0.-Им честитаме и ним и на професорите по спорт и им посакуваме успех во понатамошните регионални натпревари, се вели во соопштението од гимназијата.

Продолжи со читање

УХМР: Наутро услови за појава на магла, преку ден сончево

Post Views: 181 Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.До петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски. Нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег ќе започне од запад од петок попладне а врнежите во...

Продолжи со читање

32 годишен стружанец обвинет за формирање терористичка организација – „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на терористичката ИСИС

Post Views: 309 Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15-ти декември 2024 година, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М. (21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 1) и против Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) од Гостивар и Т.М. (27) од Гостивар за сторено кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 2) од КЗ.Имено, Г.М. на почетокот на 2024...

Продолжи со читање

Општина Охрид донесе решение за финансирање на предлог идеи во областа на социјалната и здравствената заштита

Post Views: 194 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, согласно одредбите од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за вклопување на предог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на општина Охрид за 2025 година, број 09 – 14289/1 од 22.11.2024 година донесен од страна на Градоначалникот на општина Охрид. Согласно правилникот и објавениот Јавен повик за финасирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид за 2025...

Продолжи со читање

Градинката „Јасна Ристеска“ доби нова опрема и машини за подготовка на храна

Post Views: 224 Во ЈОУДГ „Jасна Ристеска” набавена е нова опрема и машини, со кои значително ќе се подобри квалитетот на храната за 1200 дечиња во градинката и ќе се олесни работењето на персоналот во кујна кои секојдевно ја приготвуваат храната.Целосно е реновирана централната кујна која ја подготвува храната за сите објекти на градинката. Набавени се и нови индустриски машини за перење и сушење во пералната, кои не биле обновени од отварањето на градинката.Обезбедени се машина за миење чинии, фрижидер за замрзување 700л, фрижидер за замрзнување 1400л, фрижидер...

Продолжи со читање

ООУ “Кочо Рацин”- Охрид спроведува проект ,,Училиште без пластика”

Post Views: 209 Во ПУ ,,Кочо Рацин” – с. Д. Лакочереј се спроведува проектот ,,Училиште без пластика”. За оваа цел спроведена е собирна акција на пластични шишиња во која беа вклучени сите ученици од училиштето.Вчера собраните пластични шишиња беа однесени во повратните вендинг машини на Пакомак и беа освоени зелени поени.– Целта на проектот е создавање одржлив систем за селектирање пластика, метал и ситен електронски отпад. Бројот на освоени зелени поени докажува дека сме допреле до свеста на учениците, кои сега се залагаат за создавање одржлив...

Продолжи со читање

Златна година за Миа Танеска освојувајќи златен медал од сите натпревари во 2024 година

Post Views: 392 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски  од 13-15. 12 2024 година, учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун, Грција, на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи  од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреваувачи кои и овај патм покрај огромната конкуренција и пристрасноста на допмашните судии, се потрудија повторно да  не направат горди на нив, освојувајќи 1...

Продолжи со читање

Завршена обука за подобрување во третманот на мозочен удар во Охрид

Post Views: 289 Со цел унапредување во третманот на мозочен удар тим на доктори и сестри од ЈЗУ Општата болница Охрид и ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, беа на обука во Каунас, Литванија.Обуката беше спроведена со цел да се имплементира стратегија и систем, за првпат во нашиот град, за третман на исхемичен мозочен удар реканализациона терапија под надзор и менторство од врвни експерти.Тимот беше составен од д-р Маја Божиноска-Смическа, специјалист невролог од болницата „Св. Еразмо“, д-р Тони Чифлигароски, специјалист радиолог, и...

Продолжи со читање

Што го загадува воздухот кој го дишат стружани и какви мерки се потребни

Post Views: 323Според истражувањата, Струга е еден од помалку загадените градови во нашата држава, односно просечната годишна концентрација на ПМ 2,5 честичките ја надминува дозволената гранична вредност за околу 20%. Сепак, дури и во Струга загадувањето ги надминува дозволените граници. Анализите покажуваат дека најголемите извори на загадување на воздухот во Струга се емисиите од сообраќајот, согорувањето на биомаса, мазут и нафта, како и палењето на оган и отпад на отворено.        Сообраќајот во Струга е постојан...

Продолжи со читање

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми и птици

Post Views: 256 Царинската управа објави дека во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока, при што е запленета компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми со потпис на познати модни брендови, ладилник за товарно возило, облека, а спречен беше и обид за нелегален внес на птици. Во продолжение детали:-на граничниот премин Блаце откриена е специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства.-Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми...

Продолжи со читање