Skip to main content

Автор: инфодеск

Објавен документарниот филм „Свето Богојавление 2026“

Views: 289 Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, во соработка со Општина Охрид и Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, вечерва беше премиерно објавен документарниот филм „Свето Богојавление 2026“.Автор и директор на фотографија на филмот е Бојан Симјаноски, кој воедно ја потпишува и видео монтажата, колор корекцијата и дизајнот на звук. Музиката е на Горан Трајкоски (ГОТРА), а во филмот е вклучен и настап на Митрополитскиот хор „Св. ап. Ерм“ со изведба на Тропарот на Богојавление.Во снимањето учествуваа Никола...

Продолжи со читање

Преподобен Гаврил Лесновски

Views: 221 Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред да се земат, а Гаврил...

Продолжи со читање

Променливо и облачно време со повремени врнежи во наредните денови

Views: 250 Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Минималните температури во Охрид од 0, а максималните до 7 степени Целзиусови.Утре кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо...

Продолжи со читање

Конкурс за доделување стипендии на ученици од средните училишта во Општина Охрид за учебната 2025/2026 година

Views: 269 Општина Охрид објавува Конкурс за доделување стипендии на ученици од средните училишта во Општина Охрид за учебната 2025/2026 година.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

нови клупи и столчиња

Конкурс за доделување стипендии на ученици од основните училишта во Општина Охрид за учебната 2025/2026 година

Views: 210 Општина Охрид објавува Конкурс за доделување стипендии на ученици од основните училишта во Општина Охрид за учебната 2025/2026 година.Повеќе информации на следниот линк.

Продолжи со читање

Струга започнува реконструкција на улицата од Автокампот „Ас“ до Сатеска: пешачка и велосипедска патека во најава

Views: 209 Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со тимот на Општина Струга, инженерскиот тим на проектната единица за реализација на проектот „Подобрување на локалната патна инфраструктура во избрани општини – дел 2“, како и претставници од Единицата за имплементација на проекти од Светска банка при Министерството за транспорт, во рамки на проектот Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project, остварија работна средба и теренска посета на локацијата на планираните активности.-Проектот опфаќа реконструкција на улица во населбата Езерски Лозја, на потегот од...

Продолжи со читање

Денеска ќе се тестира системот „Безбеден град“ на автопатот Охрид-Кичево

Views: 239 Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид, поточно на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, општина Дебрца.– Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12:00 часот при што, на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на овој...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Јавен оглас за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид

Views: 263 Општина Охрид објави Јавен оглас за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид.Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за линијата Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид за период од 5(пет) години сметано од денот надобивање на дозволата за вршење на бараниот превоз.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање