Skip to main content

Автор: инфодеск

Преподобна Ефросинија

Views: 89 Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак, младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агапит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во...

Продолжи со читање

Денес утрото ведро, во текот на денот сончево и релативно топло

Views: 99 Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 22 степени Целзиусови.Утре, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

Продолжи со читање

Свр охрид

Кокаин и марихуана пронашла полицијата кај жител на Лескоец

Views: 273 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишен жител на охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.При претрес извршен по судска наредба, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид кај пријавениот, како и во неговиот автомобил „Волво“ со охридски регистарски ознаки, пронашле и одзеле кокаин и марихуана.Од СВР Охрид информираат дека за случајот е поднесена соодветна кривична пријава.

Продолжи со читање

Метеоролошки и хидролошки мониторинг во Националниот парк Галичица

Views: 141 Во Преспанската Котлина се спроведува метеоролошки и хидролошки мониторинг, со цел да се следат промените во животната средина и да се придонесе кон подобра заштита на пештерските екосистеми во Националниот парк „Галичица“.За потребите на мониторингот, во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“, набавена и инсталирана е метеоролошка и хидролошка мониторинг опрема.Метеоролошката станица ги следи локалните временски услови и...

Продолжи со читање

Пецаков: Затворениот базен во Охрид треба да биде готов за најмногу две години

Views: 708 По единаесет години,конечно  ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид. Надминати се сите технички, финансиски и административни пречки. Владата усвои одлука за  завршување на проектот, а за целосната реализација се обезбедени 470 милиони денари.„За базенот поминавме процес од отприлика година и пол, зборувам и како локална, но и како централна власт, во кој што се решаваа доста недостатоци во самиот проект, најголемиот проблем беше во машинското одделение, да кажеме, или начинот на кој што ќе се снабдува објектот и со топла вода, но и потрошувачката на електрична...

Продолжи со читање

Македонско знаме

По повод Денот на народното востание, 12 октомври е неработен за сите граѓани на Република Македонија

Views: 200 Согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), недела, 11 октомври 2026 година, Денот на народното востание, е неработен за сите граѓани на Република Македонија.Со оглед дека годинава датумот празникот е во недела, неработен ден ќе биде понеделник, 12 октомври 2026 година. 

Продолжи со читање

Угостителство

Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 отсто

Views: 116 Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.По групи, цените во угостителството се зголемени кај групата храна за 0.1 %, додека кај групите алкохолни пијалаци, безалкохолни пајалаци и ноќевања не се забележани промени.Цените во периодот јануари-септември 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.1 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.5 %.

Продолжи со читање

Денес се слави Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

Views: 107 Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но...

Продолжи со читање