Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес променливо облачно и нестабилно време во Охрид

Post Views: 165 Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 28 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 6.Под влијание на циклонска активност од исток до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре и во петок во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи,...

Продолжи со читање

Рекорден број посетители на вториот Ohrid Water Festival

Post Views: 183 Охриѓани, странски и домашни туристи, деновиве сплотени во водените спортски настани на најголемиот воден фестивал. Вториот Ohrid water fest со рекорден број посетители и учесници. На шестиот ден од фестивалот утрово се одржа СУП Трки 2024 , на која учество зедов голем број охриѓани но и гости.  Попладнево е резервирано за  Балканско јуниорско првенство на отворени води-Охрид 2024 и изложба посветена на  Видовите риби во Охридско Езеро. Вечерва во забавниот дел на платото кај хотелот Палас абава со диџеити DJ CHVARE & DJ GOCE SAF....

Продолжи со читање

Законските измени за зголемување на пензиите поминаа во владина процедура

Post Views: 326 Предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој ќе се овозможи зголемување на пензиите на 1 септември 2024 и 1 март 2025 година, помина во владина процедура и наскоро ќе се најде пред пратениците во Собранието.Поконкретно, на 1 септември 2024 година сите видови пензии остварени според овој закон од 31.08.2024 година ќе се зголемат за 2.500 денари, а на 1 март 2025 година сите видови пензии што се реализираат со овој закон од 28 февруари 2025 година ќе се зголемат за 2.500. денари, соопшти...

Продолжи со читање

Нова донација во ЈЗУ Општа болница Охрид

Post Views: 395 ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација од 50 комплети постелнини, кои ќе бидат распределени на одделот за геријатрија.В.Д. директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид Д-р Горан Маркоски изрази голема благодарност за оваа донација, со која ќе се подобрат условите за престој на една од најранливите категории на пациенти, се вели во соопштението на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Продолжи со читање

Георги Ставрески – Мора сите како општество да ги мотивираме младите поактивно да се вклучат во креирање на политиките на градот

Post Views: 900 Георги Ставрески е дипломиран доктор по општа медицина, член на Универзитетскиот Совет и Сенат при УКИМ, координатор и демонстратор по Прва помош при Црвен крст Охрид.„Сите млади во Охрид го сакаме градот бидејќи тука сме пораснале и понатака после студирањето сите сакаме да се вратиме тука, но потоа сѐ се сведува на можностите кои Охрид ни ги нуди нас кои како готов кадар ќе се вратиме повторно назад.“ – вели Георги.Георги планира да специјализира во област од интернистичките гранки, но прво мора да биде вработен како општ доктор, а после неколку...

Продолжи со читање

Се интензивираат градежните работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца

Post Views: 208 Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.Во оваа фаза ќе се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености и други настани, информираат од општина Дебрца.Ќе се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,административните простории,како и фасадата од северната и западната страна и други активности.Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку...

Продолжи со читање

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Post Views: 251 Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божје.Празникот спаѓа меѓу дванаесетте големи христијански празници и во народот е попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.Именден...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Post Views: 181 Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе има вредност 6, а температурите во Охрид ќе се движат од 15 до 28 степени Целзиусови.Следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има...

Продолжи со читање

Драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и „Модерна бајка“ дел од програмата „За сите деца“

Post Views: 186 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок на 30.08.2024 година на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска.

Продолжи со читање

„Блесна“ бесправната градба на ул. Димитар Влахов

Post Views: 653 Новата зграда на ул. Димитар Влахов, на местото на поранешната куќа со историско значење, откриена пред очите на јавноста.„Охриѓани од денеска можат да „уживаат“ во погледот на новата зграда со солидна висина и ширина и модерна фасада„ – велат граѓани во рубриката ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД.Во ТиСиТвојотГрад ТВМ скоро една година ја следи оваа градежна „приказна“ во центарот на Охрид каде инвеститорот, отстапувајќи од проектот за реконструкција на стара куќа со историско значење изгради нов објект со поголем габарит кој нема ништо од...

Продолжи со читање

СВР Билтен: жител на Велгошти физички нападнат на бул.„Туристичка“

Post Views: 194 На 26.08.2024 во 18.00 часот во СВР Охрид, 61 годишно лице од с.Велгошти, охридско, пријавил дека околу 15.20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од жител на с.Ливада, струшко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Јане Петков во просториите на Црвен крст Охрид одржа предавање за неверојатните можности на човечкиот дух

Post Views: 235 Во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024 вчера, во просториите на Црвен крст Охрид охриѓани имаа можност од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков и да слушнат за неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се...

Продолжи со читање