Skip to main content

Автор: инфодеск

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Post Views: 251 Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божје.Празникот спаѓа меѓу дванаесетте големи христијански празници и во народот е попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.Именден...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Post Views: 181 Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе има вредност 6, а температурите во Охрид ќе се движат од 15 до 28 степени Целзиусови.Следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има...

Продолжи со читање

Драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и „Модерна бајка“ дел од програмата „За сите деца“

Post Views: 186 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок на 30.08.2024 година на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска.

Продолжи со читање

„Блесна“ бесправната градба на ул. Димитар Влахов

Post Views: 653 Новата зграда на ул. Димитар Влахов, на местото на поранешната куќа со историско значење, откриена пред очите на јавноста.„Охриѓани од денеска можат да „уживаат“ во погледот на новата зграда со солидна висина и ширина и модерна фасада„ – велат граѓани во рубриката ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД.Во ТиСиТвојотГрад ТВМ скоро една година ја следи оваа градежна „приказна“ во центарот на Охрид каде инвеститорот, отстапувајќи од проектот за реконструкција на стара куќа со историско значење изгради нов објект со поголем габарит кој нема ништо од...

Продолжи со читање

СВР Билтен: жител на Велгошти физички нападнат на бул.„Туристичка“

Post Views: 194 На 26.08.2024 во 18.00 часот во СВР Охрид, 61 годишно лице од с.Велгошти, охридско, пријавил дека околу 15.20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од жител на с.Ливада, струшко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Јане Петков во просториите на Црвен крст Охрид одржа предавање за неверојатните можности на човечкиот дух

Post Views: 235 Во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024 вчера, во просториите на Црвен крст Охрид охриѓани имаа можност од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков и да слушнат за неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.Eден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се...

Продолжи со читање

АХВ уништи небезбедно мелено месо од месара во Охрид

Post Views: 356 По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов во тек е спроведување на вонредни контроли  во угостителските објекти во целата земја, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.  Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на...

Продолжи со читање

Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“

Post Views: 256 Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина – рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски...

Продолжи со читање

Денес Јане Петков врзан и потопен на дното на езерото ќе се обиде да се ослободи и да излезе на површината без никакви помагала

Post Views: 209 Денес човекот амфибија, седумдесетгодишниот Јане Петков, во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на дното на Охридското Езеро, кај плажата Сарајште во Охрид, ќе се обиде да се ослободи и да излезе на површината на водата, без никакви помагала, по примерот на светски познатиот илузионист Хари Худини.Ова ќе биде втор настан кој Црвен крст Охрид го организира со Јане Петков. Првиот, спортско-медицински настан за Гинисов рекорд, Црвен крст Охрид го организира на 10.09.2013 година, кога Јане Петков препливува растојание поголемо од 2...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температури до 30 степени

Post Views: 225 Денес времето во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Македонија попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат во интервал од 14 до 30 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.Утре нестабилно ќе биде претежно во северните делови од земјата, а повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде...

Продолжи со читање

Реновиран објект и подобрени услови за хемодијализа во ЈЗУ Нефрологија – Струга

Post Views: 242 Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга во која во тек е реконструкција на објектот, а се подобруваат и условите за здравствен третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2″, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата Шема”.Досега, како дел од проектот кој се реализира со средства обезбедени од Министерството, Швајцарската агенција за развој и соработка и од...

Продолжи со читање

Летото не се предава, високи температури и бројни гости во Охрид

Post Views: 233 Привршува летната  туристичката сезона,  Охрид и овој викенд е полн со туристи. На крајот од август најбројни се странските гости од Турција, Холандија и Полска, но и голем број туристи  од соседните земји, особено од Србија.  Туристите генерално се задоволни  од посетата на Охрид, забелешки има за цените во угостителските објекти.-Од Англија доаѓаме, убаво е овде. Многу е евтино овде собено кога ќе споредиме со Англија.-Јас мислам е многу евтино, особено спрема Лондон.-Многу поевтино е овде...

Продолжи со читање