Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид меѓу градовите со највисока циркулација на грипот

Views: 250 Охрид и натаму меѓу градовите со највисока инциденца на новозаболени од грип во државата. Во една недела  регистрирани нови   142  случаи. Според епидемиолозите  зголемениот број на новозаболени се должи на  празничните собирања, забави  и зголемениот број туристи, кои во изминатиот период престојуваа во Охрид.-„Најголемиот број на заболените се во возрасната група од петнаесет до шеесет и четири години, ние така ги водиме по возрастната дистрибуција, а инциденцата, највисока...

Продолжи со читање

Започна Зимското издание на јадранската фестивалска мрежа

Views: 249 Програмата на Зимското издание започна вчера, четврток, 22 јануари, со бесплатни кино проекции во Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Херцег Нови и Скопје.Публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да погледне шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија” од Соња Просенц, „Fiume o morte!” на Игор Безиновиќ, „По летото” од Данис Тановиќ, „Мајка Мара” од Мирјана Карановиќ, „Живи и здрави” од Иван Мариновиќ и „Планета 7693″ од Гојко Бекуљан.Како дел од овогодинешната програма, публиката ќе има можност да го погледне најдобриот европски документарен...

Продолжи со читање

Свикана 6. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 221 Во четврток, 29 јануари, со почеток во 9 часот ќе се одржи шестата седница на Советот на општина Охрид.За седницата е предложен следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 4-та седница Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното земјиште за календарската 2026 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид.Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2026 година...

Продолжи со читање

Библиотека Охрид

Беседата под шифра „Тивериопол“ избрана за најдобра за 2026

Views: 209Во конкуренција од 17 пристигнати беседи Комисијата за спроведување на конкурсот за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“ едногласно одлучи наградата за најдобра беседа за 2026 година да ја додели на беседата под шифра „Тивериопол“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е установата покренувач и организатор на Конкурсот кој се организира по четврти пат.Од Библиотеката велат дека очекуваат за брзо да го дознааат и името на добитникот со соодветна потврда на идентитетот и напишаната...

Продолжи со читање

Риболов

Од среда ќе се издаваат дозволите за рекреативен риболов

Views: 305 Концесионерот на рекреативната зона Охридско езеро, Питон фишинг, информира дека од среда 28 јануари ќе започне издавањето на дозволите за рекреативен риболов. Истите ќе се издаваат единствено преку новото Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“.Во нивното соопштение се вели дека заинтересираните лица нема да плаќаат додатни трошоци како додатна чланарина за здружението и др. кои ги бараат другите здруженија во Охрид и ќе можат да задолжат маркица за 2026 година.Целта на новото здружение „Охридски Рибари“ е подигнување на рекреативниот риболов како спорт и...

Продолжи со читање

Свети Григориј, епископ Ниски

Views: 201 Свети Григориј Ниски е помладиот брат на свети Василиј Велики. Роден е околу 335 година во Неокесарија, во Понт, од она исто благочестиво семејство од кое излегоа уште многу други светители Божји. Првите науки ги учеше кај својот постар брат Василиј, а потоа ги изучи сите светски и духовни науки. Се ожени со побожната девојка Теосевија и беше посветен за чтец на божествените книги во Црквата Божја. Покасно му дојде мисла да се посвети на позивот светски ритор, но по совет на свети Григориј Богослов, ја отфрли таа мисла, па отиде и се замонаши кај својот брат Василиј, на реката...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре повторно дожд

Views: 229 Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Од УХМР информираат дека од утре кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.Денес минималните температури во Охрид од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков дел од првата седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад

Views: 233 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, учествуваше на првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, која се одржа денеска во Битола.На настанот присуствуваа сите 18 градоначалници на двата региона, со што официјално започна оперативната фаза на регионалниот систем за управување со отпад.На седницата беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на повеќегодишна координирана работа на општините, институциите и меѓународните партнери и претставува значаен чекор...

Продолжи со читање