Автор: инфодеск
Post Views: 304 Како дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival денеска беше организиран настанот ФЛОТИЛА- Промотивно едрење по Охриското Езеро.За сите заинтересирани граѓани и туристи беше обезбедена промотивна прошетка со едрилица на потегот од Градското пристаниште до Кампот за обука на вода и населбата Канео. Настанот беше организиран од страна на јахтинг клубот Ohrid Lake Sailing.
Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор на „Струшките вечери на поезијата“
Post Views: 304 Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертектуалната игра.– Повикувајќи се на светскиот класик „Алиса во земјата на чудата“, низ интертекстуална игра Андреј Медиќ Лазаревски храбро и софистицирано води дијалог со себеси и светот,...
Атракција на Охридското Езеро – Јане Петков врзан и потопен на дното на езерото ќе се обиде да се ослободи и да излезе на површината без никакви помагала
Post Views: 254 Ohrid Water Festival 2024 оваа година нуди посебна атракција – настани кои во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на ПК Охридски бранови 2008 Охрид и Нуркачкиот центар Акватек, ќе се одржат во Охрид, и тоа:Презентација на тема „НЕВЕРОЈАТНИТЕ МОЖНОСТИ НА ЧОВЕЧКИОТ ДУХ“ која ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид на 26.08.2024 г. (понеделник) со почеток во 19 ч. Презентерот Јане Петков од Сандански, Бугарија ќе открие интересни техники за дишење и медитација пред неговиот нов подвиг.На 27.08.2024 г. (вторник), човекот амфибија,...
Со врачување на наградите и поетското читање „Мостови“ свечено се затворија „Струшките вечери на поезијата“
Post Views: 221 Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ свечено се затворија 63-тите „Струшки вечери на поезијата“.Свеченото затворање на манифестацијата и годинава традиционално се одржа на Мостот на поезијата и беше проследено со спектакуларен огномет.Претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, му го врачи „Златниот венец“ на лауреатот, францускиот поет Жан Пјер Симеон.– Ако песната е срцето на животот што бие, Струга, во срцето на...
Се чествуваа раѓањата на Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и Гане Тодоровски, објавена збирка со нивни песни на Брајево писмо
Post Views: 211 Чевствувања на 90-годишнината од раѓањето на македонскиот книжевен великан, еден од најдаровитите македонски раскажувачи, академик Петре М. Андреевски, 95-годишнината од раѓањето на еден од највпечатливите македонски поети и доминантна личност во македонистиката, академик Гане Тодоровски и 95-годишнината од раѓањето на вториот македонски лауреат, добитникот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, академик Матеја Матевски, се одржаа денес во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, чие свечено затворање ќе се случи вечерва на Мостот на поезијата...
Ревијален ватерполо турнир во водите на Охридското Езеро
Post Views: 257 Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ во водите на Охридското Езеро во близина на Градското пристаниште во Охрид се одржа ревијален ватерполо турнир. Спортскиот настан кој се одржуваше во текот на денешниот и вчерашниот ден беше дел од програмата на Ohrid Water Festival.На ватерполо турнирот учествуваа екипи од ватерполо ветерани од Охрид, Струга и Скопје, како и учесници од соседните држави.
Мултиспортска трка „Акватлон“ по трет пат во Охрид
Post Views: 260 купно 210 натпреварувачи беа дел од мултиспортската трка „Акватлон“ која се одржа денеска во водите на Охридското Езеро. Манифестацијата се организира по трет пат во Охрид и е дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival. На трката во осум категории се натпреваруваа учесници од Хрватска, Црна Гора, Србија, Полска, Холандија, САД и Македонија. Организатор на овој спортски настан е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“.На секој учесник кој ја заврши трката му беше доделен медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи добија...
Второ издание на џез фестивал во Охрид
Post Views: 153 Во организација на Општина Охрид синоќа во предворјето на црквата Св. Софија започна Охридскиот џез фестивал.Публиката уживаше во музиката на Драган и Ратко Даутоски, а пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.– Во монументален амбиент во предворјето на вековитиот храм Св. Софија, ноќава со прекрасните звици на Драган и Ратко Даутовски го отвораме Џез фестивалот што се одржува втора година по ред во организација на локалнта власт. Музиката е јазик кој го разбираат и е добатлив за сите, за стилот пак е дегутантно да се...
Доделени дипломите на матурантите од ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“
Post Views: 205 Вчеравечер на пригодна свеченост во дворот на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2023-2024 година.Во името на Локалната самоуправа пред присутните свое обраќање имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник на Општина Охрид.-Чест и задоволство ми е што имам можност да бидам денеска тука, да ја почувствувам оваа прекрасна енергија и заедно со вас да ја споделам радоста на овие неповторливи мигови исполнети со гордост и исчекување. Ова е навистина свечен чин, бидејќи нашите матуранти денеска го добиваат својот...
Меѓународната охридска веслачка регата
Post Views: 228 Вкупно 48 натпреварувачи од веслачки клубови од Србија, Бугарија, Хрватска и Македонија беа дел од Меѓународната охридска веслачка регата која се одржа денеска во водите на Охридското Езеро. Спортскиот настан беше во рамки на програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.Домаќин и организатор на регатата која се одржува втора година по ред беше веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид, кои на ова натпреварување се претставија со 12 свои веслачи.
Се одржа ICF 23-та Меѓународна Илинденска регата во кајак-кану на мирни води „Охрид 2024“
Post Views: 193 Денеска во водите на Охридското Езеро се одржа 23-та ICF-Меѓународна Илинденска регата во кајак-кану на мирни води „Охрид 2024“, која ја организира охридскиот клуб „Стрмец“. Оваа традиционална спортска манифестација е во рамки на програмата на второто издание на Ohrid Water Festival.Покрај домашните екипи, на регатата учествуваат и екипи од Полска, Грција и Србија. Учесниците беа поделени во машка и женска категорија и во неколку натпреварувачки дисциплини.
Доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“
Post Views: 114 Синоќа на Долни Сарај, со пригодна свеченост беа доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2023/24 година. Пред матурантите во името на Општина Охрид, се обрати советничката Александра Настоска Николоска.– Крај на едно поглавје од вашиот живот и отворање на нова страница, нови предизвици, нови радости за Вас и вашите најблиски. Миг и момент кога сте исполнети со емоции, недоумици, надежи. Толку карактеристично за вашата возраст кога имате безброј прашања и силна енергија да освојувате нови хоризонти. За она што досега...