Автор: инфодеск
Post Views: 216 Делегација од општината положи свежо цвеќе на споменикот на светителот во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ по што делегации од локалната власт, од збратимени градови со Охрид како и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава се поклонија и положија цвеќе пред момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад.
Денес официјално започнува реконструкцијата на западната трибина
Post Views: 198 Денес во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на ФФМ и градоначалникот Кирил Пецаков.За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава.
УХМР: Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди
Post Views: 194 Променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.
Изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски и традиционална изложба од Фото клубот Охрид
Post Views: 272 Во рамки на честувувањата посветени на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, вчеравечер во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложбата ” 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски”. Љубителите на уметноста имаа можност да ја видат уникатната збирка на овој еминентен сликар, која е во сопственост на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо Охридски“ – Охрид.Промотор на изложбата беше проф.д-р Димитар Пандев. Пред присутните свои поздравни обраќања Рубенс Наумовски, син на Вангел Наумовски, директорот на...
Со свечена академија одбележан празникот на Свети Климент Охридски – Патрон на градот
Post Views: 210 Синоќа со свечена академија во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одбележа 8 декември, празникот на Свети Климент Охридски – Патрон на градот. Пред бројните сограѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Почитувани присутни. Вечерва го славиме Свети Климент Охридски, нашиот заштитник, светител и првоучител чија дејност и мисла лежи во темелите на постоењето и на културната доблест на македонскиот народ. И по повеќе од 11 века, делото, мислата и поуките на нашиот светител, имаат ист сјај со кој ни го осветлува патот кон...
Денес се одбележува Свети Климент Охридски Чудотворец, заштитникот на Охрид
Post Views: 213 Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. МПЦ-ОА со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Празнувањата почнаа во изминатите денови, а продолжуваат денеска со божествени литургии во храмовите.Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како...
Промовирана книгата „Охридски драмски писатели“
Post Views: 192 Во рамки на свечената програма за чествување на Патронот на Охрид, Свети Климент Охридски вчера беше промовирана книгата „Охридски драмски писатели“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски. Оваа книга е десеттото издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ која се реализираше со поддршка на Општина Охрид.Во рамки на промоцијата свое обраќање пред присутните гости имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Во Охридското книжевно наследство драмските дела имаат неоспорно трајни естетски врености. „Охридски драмски...
Вечерва ОСУ “Св. Климент Охридски” го одбележува својот Патронен празник
Post Views: 182 Денес, сабота, 07.12.2024 со почеток во 19:30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, ОСУ “Св. Климент Охридски” по повод Патрониот празник на гимназијата ќе одржи Свечена академија.Свечената академија е организирана заедно со Општина Охрид.
Променливо облачно со врнежи од дожд
Post Views: 186 Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за...
Денес се одбележува Света великомаченичка Екатерина
Post Views: 204 Православната црква денеска го слави споменот на Великомаченичка Света Екатерина.Во времето на незнабожечкиот цар Максимин, во градот Александрија живеела Екатерина, која била ќерка на малиот цар Консте. По смртта на татко и живееше со својата мајка. Мајка и беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро...
Патот низ Националниот парк „Галичица“ затворен за сите видови сообраќај
Post Views: 177 Патот што поминува низ Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови. Оваа одлука е со цел да се спречат потенцијални штети на патната инфраструктура и да се осигура безбедноста на посетителите, информираат од Национален парк Галичица.–Тимот на Националниот парк Галичица ве потсетува да ги планирате вашите активности во природата во согласност со зимските ограничувања, се вели во нивното соопштение. Додаваат дека за сите дополнителни прашања или информации, заинтересираните лица може да ги контактираат...
Во понеделник официјално започнува реконструкцијата на западната трибина
Post Views: 199 Во понеделник (09.12.2024) во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на ФФМ и градоначалникот Кирил Пецаков.За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава.